Во Русија нов рекорден број на заразени и починати од Ковид-19

Во Русија е забележан нов рекорд, 1.075 смртни случаи од последиците од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите 24 часа, според официјалните податоци.

Од јуни Русија се соочува со нов силен бран на епидемијата за кој се обвинуваат мутираните поагресивни варијанти на коронавирусот, непочитувањето на носењето маска и големите тешкотии со кои се соочуваат здравствените власти во кампањата за вакцинација, пренесува АФП.

Бројот на починати сега достигна 229.528, што ја прави Русија земја со најмногу смртни случаи од последиците на Ковид во Европа.

Но, статистичката агенција „Росстат“ смета дека податоците се многу потценети и дека бројките се многу повисоки.

Само една третина од Русите се вакцинирани откако првата национална вакцина, Спутник В, се појави во декември 2020 година.

Најавени се тешки мерки

Се сметт дека ваквиот неуспех на кампањата за вакцинација може да се објасни со традиционалната недоверба на населението кон властите.

Рускиот претседател Владимир Путин во средата конечно го одобри предлогот на владата за неработна недела за да се намали можноста за ширење на инфекцијата.

Од 30 октомври до 7 ноември компаниите нема да работи поради борбата против пандемијата на Ковид.

Путин појасни дека „неработните денови“, кои ќе им бидат платени на вработените, во некои региони ќе започнат порано, а во некои може да се продолжат.

„Епидемиолошката ситуација е различна во различни делови на земјата, поради што нивните лидери имаат право да воведат дополнителни мерки“, рече Путин.

Делумно затворање ќе биде воведено и во главниот град Москва на 28 октомври, што значи дека ќе бидат отворени само продавниците во кои жителите ќе можат да се снабдуваат со намирници и средства за хигиена и аптеки.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер