ЖивотВо Русија е откриена мистериозна градба од коски на мамути, стара 25 000 години (ФОТО)Пред околу 25 000 години, ловџиите употребиле коски на 60 мамути за да изградат голема кружна структура во Русија. И никој не знае зошто.Иако истражувачите ја ископале и истражиле, сè уште не разбрале за што можела да служи градбата, пренесува Си-Ен-Ен. Mysterious Ice Age structure built from woolly mammoth bones found https://t.co/iEJoUBK8N3 pic.twitter.com/EUQs0qqcdZ — Jack Clayton (@JackClayton617) March 17, 2020 Ова не е прва „мамутска куќа“ пронајдена во Русија, но е најстара и најголема. Нејзиниот дијаметар е повеќе од 12,5 метри. Во 1960-тите и 70-тите години, научниците пронашле слични, помали структури во истата област, кои ги нарекле Костенки 11. Локалитетот се наоѓа на 500 километри јужно од Москва и сега е дом на државниот археолошки музеј-резерват Костенки. Експертите почнаа со работа на локацијата во 2015 година, а ископот траел три години. Една студија во која се детализирани нивните наоди е објавена оваа недела во списанието „Антика“. Mysterious Ice Age structure made from hundreds of mammoth bones discovered in Russia https://t.co/CoXGid0IP3 — Joni Parker (@ParkerJoni) March 17, 2020 Ваквите мамутски коскени структури кои датираат од леденото време се пронајдени низ Источна Европа. Врз основа на претходните сознанија, експертите досега сметаат дека тие биле изградени од палеолитскиот народ за да им служат како дом или како засолниште за време на суровите зими. Температурата во текот на зимата во Леденото време достигнувала и -20 степени Целзиусови. Биле потребни сто мамути за да се изградат такви масивни структури од коски; што е изненадувачки затоа што ловците-собирачи никогаш не поминувале многу време на една локација. „Коските на мамут се многу тешки, а градењето кружна структура е огромен потфати трошење на време и енергија“, изјави Александар Приор, водечки автор на студијата и археолог од Универзитетот Ексетер. Eerie Circle Built From Mammoth Bones Reveals New Clues About Survival in The Ice Age https://t.co/iMuZLMm6kw — HAIFA N.J.M (@HAIFANJM1) March 17, 2020 Според студијата, коските биле наредени во континуиран круг и зградата немала очигледен влез. Досега, истражувачите идентификувале 51 мамути и 64 черепи во структурата на објектот. Во кругот, истражувачите ги пронашле и првите докази дека таму има и запалено дрво. Но, во целина, немало други индиции за долготрајно живеење во зградата. Научниците затоа сега веруваат дека тоа не било засолниште во текот на зимата; затоа во моментот ја преиспитуваат целта на овие масивни, долготрајни структури. „Очигледно за нив значеле нешто и многу е веројатно дека тоа бил ритуален елемент, дури и ако структурата всушност имала одредена практична цел“, изјави Приор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter