Во родниот Чачак се одржува комеморација во чест на Бора Чорба - Канал 5

Во родниот Чачак се одржува комеморација во чест на Бора Чорба

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан денеска, 7 септември, во родниот Чачак, а неговиот град ја исполни неговата последна желба.

Во родниот Чачак се одржува комеморација во чест на Бора Чорба

Имено, од градот Чачак на својот сакан Боро подготвија и венец на кој беше испишана последната порака за збогување, објави Телеграф.

Венецот е во форма на две гитари, што беше последната желба на Бора:

- Не трошете си ги парите, јас не сум толку важен лик. Вкрстете две гитари, нека биде споменик - Бора Ѓорѓевиќ (Рибља Чорба).

Денеска во Чачак во присуство на семејството, пријателите и обожавателите се одржува комеморација на легендарниот рокенрол музичар Бора Ѓорѓевиќ. А во првиот ред е неговата сопруга Дубравка, облечена во црно, видно потресена и расплакана, која веќе извесно време добива сочувство.

Сочувство изразија Владо Георгијев, Зоран Дашиќ Даша од групата „Легенди“, хармоникашот Миша Мијатовиќ, Милан Ѓурѓевиќ од „Неверни Беба“, Дејан Петровиќ, раперот и поранешен учесник во реалното шоу Милан Јанковиќ Чорба, Драги Јелиќ и Мирослав Илиќ...

По неговата сопруга Драгана, која трагично го заврши животот по нивната разделба, многумина мислеа дека Бора Ѓорѓевиќ завршил со брачниот живот.

Тој се разведе од првата сопруга Драгана само два месеци пред нејзината трагична смрт. Одеднаш се заљубил во извесна Александра од Чикаго, која набрзо му станала втора сопруга. Сепак, се покажа дека и во овој брак Бора Чорба не ја нашол среќата и парот се развел во 2014 година.

И после сѐ, Бора не ја изгуби вербата во љубовта и ја пушти во својот живот убавата Дубравка Милаковиќ, а третата и како што рече рокерот последна сопруга ги прекрши сите правила што ги имаше и му го промени секојдневието.

Музичарот се преселил во Љубљана поради љубовта кон атрактивна Словенка, која е 28 години помлада од него, а се венчале во мај 2016 година на грчкиот остров Санторини. Романот „Пустински остров“ ѝ го посвети на својата сакана Дубравка, каде што вели дека би сакал понекогаш да се сретнеме, но секогаш со себе би ја земал и сопругата на која може да и се заблагодари за многу работи. Што и се случи - со неа отиде на едни од најубавите патувања и се заљуби во нив.

Рокерот го истетовирал нејзиниот лик на раката и ѝ го посветил целиот албум „До тебе“.

Приемот за сочувство е закажан во 13:00 часот во капелата на Градските гробишта во Чачак, погребот ќе започне во 14:00 часот, а погребот е закажан за 14:30 часот - потврдија за РИНУ од канцеларијата на градоначалникот на Чачак.

Инаку, на Бора ќе му ја исполнат желбата и ќе биде погребан во Чачак, а досега му се исполни да добие споменик од две вкрстени гитари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

„Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба!

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите. Инвестираме во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија.

[✔] Инвестиција на Општина Кавадарци: 26.500.000 денари + ДДВ.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

Наскоро полициски возила со камери ќе мерат брзина во движење и ќе ги казнуваат оние кои возат пребрзо, најави министерот за внатрешни работи Тошковски. 

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

На критичните сообраќајни точки се прават анализи и ќе бидат поставени дополнителни мобилни уреди кои ќе го следат сообраќајот. Тошковски најави и дека до крајот на годината се очекува на адреса на граѓаните да стигнувасат и казни за погрешно запирање или паркирање на улиците и булеварите.

– Предлогот којшто го добивме од експертите е во постоечките возила коишто ги имаме да исталираме камери, коишто камери ќе можат да ја детектираат брзината, а тие може да се постават било каде, може во од, во движење да констатираат. Наредниве месец, месец и половина сигурен сум дека ќе отпочнеме со достава до оние кои не го почитуваат правилата, во рамки на истиот систем значи преку СМС пораки, и на оние коишто погрешно паркираат и запираат, особено во рамки на главните крвотоци во рамки на главниот град,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Тошковски на денешната тематска прес-конфеенција соопшти дека проектот „Безбеден град“ ја освоил наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи, во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи...

Доказ за успешноста, рече, е и статитиката, која годинава покажува 34 загинати помалку... За 10 месеци лани на патиштата згаснале 108, годинава 74 животи.

– Тошковски вели дека целта на проширување на опсегот на системот безбеден град е да се превенира, а не да се полни буџетската каса. зборува за критичарите... изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Нареден град во кој ќе се применува системот Сејф Сити е подрачјето на СВР Струмица, а до крајот на годината се очекува системот да профункционира и во СВР Штип.

Псоледен регион што ќе остане е подрачјето на СВР Битола, кое се очекува да биде покриено со ситемот најдоцна до февруари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во Бугарија

Катастрофални последици од двете верижни сообраќајки на автопатот „Тракија“ во Бугарија што рано утринава се случија кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија. 

Најмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во Бугарија

Вкупно 86 возила учествувале во судирите, а билансот е 11 загинати и 50 повредени лица.

Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но една од причини за трагедијата која се посочува е густата магла, поради која видливоста на автопатот во одреден момент се намалила на само десет метри. Деталите од трагедијата ги соопштија претставници на бугарското МВР на брифинг на местото на несреќата. Според нив, во правец кон Бургас учествувале 63 возила, додека во спротивната насока се судриле 23 возила.

-Вкупно во верижната сообраќајна несреќа во двете сообраќајни ленти учествувале 86 возила – од кои 63 на коловозната лента во правец кон Бургас и 23 во насока кон Софија. Утврдени се вкупно 50 повредени лица, кои се распределени во три области – 28 во Сливен, 16 во Јамбол и 6 во Бургас. Утврдени се 10 загинати лица на самото место, а едно лице починало подоцна во болничка установа на територијата на Сливен,- изјави – Љубомир Николов – В.д главен секретар на МВР.

Страшни сцени, искршени автомобили и камиони, повредени луѓе заробени во возилата. Вака очевидците ја опишуваат драмата на автопатот. Според нивните сведоштва, густата магла дополнително ја отежнувала видливоста, а возачите во последен момент ги забележувале возилата пред себе.

Судирите се случувале еден по друг, без можност дел од учесниците во сообраќајот навреме да реагираат.

-Глетката беше ужасна. Помогнав колку можев, качивме неколку луѓе во амбулантните возила. Ја видов густата магла, јас возев доста бавно, успеав да запрам на време и го избегнав автобусот. Според мене возеа доста бргу. Ако јас возев со 60 км/час тие ме претекнуваа.

-Самиот ужас беше во автобусот внатре затоа што паѓаше од горе од прозорците, сите се скршија, паќаше стакло. Ние бевме еден преку друг, кој паднал кој се удрил, кој приклешетен и не може да излезе. И кога излеговме надвор почнавме да се оддалеќуваме од автобусот да не се запали.

-Не удри и не исфрли кон банкината, ја закачивме и таа кола и додека сите излеговме за неколку секунди сите коли се удрија во нас.

Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.

Веста за трагедијата бугарскиот премиер Румен Радев го затекна за време на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави ангажирање дополнителни ресурси за транспорт на повредените.

-Веднаш по слетувањето наредив министерот Демерџиев да замине со владиниот авион за Бургас, за да може да ги транспортира повредените до болниците во Софија. Резултатот во моментов е 11 загинати и 48 ранети. Остануваме целосно подготвени за евакуација на ранети од Сливен, Јамбол и Бургас во болницата во Софија,- изјави – Румен Радев.

Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер