Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците - Канал 5

Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник.

Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците

Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

-Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок, рече за МИА, Едмонд Темелко поранешен градоначалник на Пустец.

Со него беше и Панди Јани, кој додава дека денешниот празник како домашна слава го слават сите семејства во Пустец.

-Овој божји храм е еден од најубавите во Албанија. Обновен беше пред неколку години на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период, а се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името „Гоце Делчев“. Посакувам сите да бидеме благословени и од големиот Архангел Михаил заштитени, порача Панди Јани.

На светата божествена литургија освен жители на Пустец присуствувале и жители од останатите населени места од оваа општина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

На 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија.

Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Најголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата.

Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна.

Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер