Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
2Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица
МакедонијаВо првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори Во текот на првиот месец од примената на системот „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 476 приговори (барања за поведување прекршочна постапка пред суд). Во текот на првиот месец од примената на системот „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 476 приговори (барања за поведување прекршочна постапка пред суд), од кои 431 приговор од правни лица и 45 од физички лица, по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека граѓаните и правните лица што не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд. - Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и во согласност со одредбите од Законот за прекршоците, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување. Па поради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Безбеден град“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор - се вели во соопштението од Кривичен. Со цел запознавање на јавноста за најчесто евидентираните прекршоци, од судот информираат дека најголем дел од приговорите се однесува на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило. - Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица - лизинг-компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани што претходно ги отуѓиле своите возила, но не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози - информираат од судот. Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи ги важноста и јавниот интерес за воведувањето на новиот систем за безбедност во сообраќајот, посочува дека ќе продолжи да постапува по сите предмети во законски утврдените рокови и навремено и транспарентно да ја информира јавноста за понатамошниот тек на постапките, но и за сите предизвици и обврски што граѓаните се должни да ги преземат.Тагови: сејф сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границитеЕвропската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола.Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП. Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го штити британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон. Крај на проверките Од среда, нема да има повеќе проверки на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој илјадници луѓе го преминуваат секој ден. Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители на крајниот југ од Иберискиот Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што претставува речиси половина од нејзината работна сила. Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Тој следеше по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да го посети Гибралтар во среда. Санчез го поздрави договорот, велејќи дека „по стотици години, конечно ќе биде можно да се сруши последниот ѕид во рамките на Европската унија“, пренесува АФП. Гибралтар, над кој Велика Британија го презеде суверенитетот во 1713 година со Утрехтскиот договор, е од огромно стратешко значење, особено за поморската трговија бидејќи Гибралтарскиот теснец ги одделува Европа и Африка и ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Гибралтар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лицаНацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби. „Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски. Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%. Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум. „Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар. Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против. Општина Центар-СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55