МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
2МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
БалканВо просек приближно 150 литри дожд на квадратен метар регистрирани во невремето во Атина Во големото невреме што во средата попладне ја зафати областа Атика, поширокиот регион на Атина, биле регистрирани големи количини дожд, што во една населба достигнале до 173,8 литри вода на квадратен метар. Во големото невреме што во средата попладне ја зафати областа Атика, поширокиот регион на Атина, биле регистрирани големи количини дожд, што во една населба достигнале до 173,8 литри вода на квадратен метар, што е речиси трипати повеќе од месечниот просек на дожд во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната опсерваторија на Атина и на порталот „Метео“ ги објавија податоците од 543 метеоролошки станици за вкупните количини врнежи до 23.40 часот во средата. - Врз основа и на прогнозите, како и подоцнежните мерења од метеоролошките станици, на мрежата на автоматските метеоролошки станици на Националната опсерваторија на Атина и на порталот „Метео“ беше потврден индексот на опасност од појава на врнежи од категорија 5 бидејќи беа регистрирани многу големи количини дожд, главно во Атика, источен Пелопонез и на Евија - соопштија од Опсерваторијата. Најголемите количини врнежи до вечерните часови во средата биле измерени во атинските населби во северниот дел на градот Папагу (173,8 литри на квадратен метар), Номисматокопио (148,4 литри на квадратен метар) и во Халандри (148 литри на квадратен метар), а во пет други населби дождот бил меѓу 135,6 и 145,2 литри на квадратен метар. Според метеоролозите во Грција, во Атина во зимскиот период количината дожд на месечно ниво е 50-60 литри на квадратен метар, што значи дека само за неколку часа во средата беше регистриран дожд, трипати поголем од месечниот просек. Во силното невреме во Атина животот го загуби 56-годишна жена во обид пеш да ја помине поплавената улица, а поројниот дожд предизвика и материјална штета, а од вчера во двете атински општини што беа најпогодени прогласена е вонредна состојба. Заменик-министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција, Костас Кацафадос, денеска ќе ги посети општините погодени од невремето и ќе одржи состанок со градоначалниците за штетите и нивна санација. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерницаПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Ристовски во „Вести плус“ Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Љупчо Ристовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook