Во прилепскиот театар се подготвува претставата „Декамерон"

 Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" започнаа пробите на новата претстава „Декамерон" во режија на Мартин Кочовски.

Според режисерот Кочовски се работи за сатирична претстава со антиклерикален карактер.

-Со својата структура и темите, претставата ќе биде особено актуелна во денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата обработува различни теми и ќе биде длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат сѐ што е човечко, вели Кочовски.

Во преставата ќе биде ангажиран поголемиот дел од ансамблот, а сценографијата и костимите ги работат Јулијана Војкова Најман и Филип Јовановски, а музиката е на Пеце Трајковски.

„Декамерон" е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по „љубовните приказни". Ова е трета претстава на Театарот годинава поддржан од Министерството за култура.

Инаку, со претставата „Глембаеви", во режија на Бранко Брезовец, на први декември Театарот ќе гостува на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во Скопје.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер