Во Прилепскиот театар премиера на претставата „Каменот" - Канал 5

Во Прилепскиот театар премиера на претставата „Каменот"

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински" денеска премиерно ќе биде изведена претставата „Каменот" од Мариус Фон Мајебург, во режија на Кристина Димитрова. 

Во Прилепскиот театар премиера на претставата „Каменот"

Тоа е прва претстава од почетокот на пандемијата и од годинашната програма.

Претставата е предизвик и за прилепската актерска екипа и за ансамблот кој прикажува прва премиера. За режисерката Кристина Димитрова, проектот е предизвик во овие услови.

– Голем предизвик е да се прави претстава во пандемија. Мора да внимаваме на многу работи, главно на маските, заштитата, на дистанцата. Имавме и многу среќа никој од актерите и од сите чинители во претставата да не заболи. Беше многу стресно, но и убаво. Претставата е според современ, германски текст. Голем предизвик беше. Нема линеарен развој на настаните, вели режисерката Димитрова.

Претставата, посочи таа, е според современ, германски текст, а предизвик и внимателност беше сиот процес.

– Сите актери беа во добра здравствеа состојба. Приказната е за повеќе генерации во едно германско семејство што ги поминало децениите искушенија. Се чувствуваат исчезнатата среќа, остатоците од војната, сиромаштвото, лагите, непочитувањата, лицемерието. Потребни се голема издржливост и многу компромиси за да се живее во мир, појасни актерката Ачански.

Во претставата според сите протоколи играат: Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина Мицовска- Станкоска, Марија Димитрова, Илија Волчески. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Роза Трајчевска – Ристовска, драматург е Лидија Митоска Ѓорѓиевска, а музиката е на Томе Темелкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, соопштуваат од МВР.

Утре голем број дронови ќе летаат по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.

Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат.

„Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи.

Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи.

„Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот.

„Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи.

Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг.

Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ.

На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и врнежливо за време на продолжениот викенд

Времето во наредните три дена ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во деновите по викендот времето се стабилизира, соопштуваат од УХМР.

Променливо облачно и врнежливо за време на продолжениот викенд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

13 Попова Шапка, 16 Крушево, Маврови Анови, 19 Претор, 20 Берово, Тетово, Крива Паланка, 21 Демир Капија, Струмица, 22 Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Штип, 23 Прилеп, Битола, Виница, Велес, Скопје Петровец.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

5 Струмица.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот, и во текот на ноќта наместа ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно, во утринските часови со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер