МакедонијаВо прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесијаВо прилепскиот регион зголемен интерес за земјодеско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната. Производителите на градинарски производи имаа добра година и пласман на производството и годинашново производство е зголемено за 5 до 10 проценти, оценуваат во прилепската подрачна единица на министерството за земјоделство. Според Николче Карапеески, раководител на прилепската подрачна единица, и годинава се очекува добар пласман. -По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е трета најзастапена земјоделска култура. Во споредба со лани, во годинашново градинарско производство забележуваме зголемен трент, особено на пиперката. Зголемувањето е од околу 5 до 10 проценти. Тоа се должи на цената што ја постигнаа производителите. Во последниве години производството варира и најмногу зависи од цената на продажба на произведеното. Годинава се очекува дека цената ќе се движи во рамките на ланското ниво и очекуваме производителите да бидат задоволни, вели Карапеески. Поддршката на државата е по килограм остварен производ, а најголема поддршка имаат пиперките, доматите и краставиците. - Поддршката се движи од 12 000 до 30 000 денари по хектар, во зависност од видот на градинарската култура. Така, пиоперката, доматот и краставицата добиваат поддршка од 30 000 денари, додека пак производството на лубеници, дињи, тикви добива поддршка од околу 12 000 денари, а поддршката од остварено производство се движи од 3 до 5 денари за килограм. Главно, сите градинарски култури се поддржани со по 3, а куртовската капија и производството во мај е со поддршка од 5 денари за килограм производство, објаснува Карапеески. Интересот за земјоделско производство во Прилепскиот регион е сѐ уште добар. За тоа сведочи фактот дека во последните три огласи за давање под концесија на земјоделско земјиште интересот е голем и се издадени преку 2000 хектари. Главно за едногодишни земјоделски култури. Конкретно со, последниот повик за наем од по 3 хектари, се потпишани 250 договори. -Во Прилепскиот регион имаше триста апликаци од кои за 250 Министерството за земјоделство склучи договори. Станува збор за 500 до 600 хектари.Според информациите, интересот во Прилепскиот регион за земање земјоделско земјиште под закуп е најголем, смета Николче Карапеески, раководител на подрачната единица на министерството за земјоделстцо во Прилеп. Според прилепскиот агроном Филип Димкоски, мора да се зголеми домашното производство, да се направи итнас стратегија зашто со сега преполовениот број на земјоделски производители од последните 10 години, не може да се сметаме за земјоделска земја и убвозната зависнот уште ќе ги зголемува цените на пазарот. -За стабилно градинарско и овоштарско производство не ни треба посебна експертиза, туку само здрава логика. Ако погледнеме дека имаме премало производство, логично дека цените ќе бидат високи, бидејќи ние сме увозно зависни со 80 проценти од храната што ја јадеме. Тоа значи дека оттаму од каде ја увезуваме, државите извозници ги диктираат цените. А кога, како држава не сте производител, вие ќе мора да ја купите храната по цената на оној што извезува и ќе ја даде. Ако се знае фактот дека од 127 00 производители на земјоделски производи во 2014 година, бројката паднала на 62 000 во 2024 година, тоа е повеќе од половина намален број на земјоделски производители. Тоа говори дека земјоделството овде не е веќе грамка која се развива и унапредува, туку, напротив, уназадува и имаме премало производство. Тоа прави да имаме толку високи цени, објаснува Димкоски. Рој посочува дека решението е во производството и мора да се стимулираат малите производители. -Секој човек да почне од себе, да ја зголеми својата свест дека ако сака да јаде, мора да произведува, а ако не е во можност да произведува, мора да го зени домашниот производител. И како трето, многу важно решение, државата мора под итно да преземе мерки и чекори за стимулација на домашното производство, смета прилепскиот агроном Димкоски.Тагови: земјоделско земјиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Секси скијачка Русокосата Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера. Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина. Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија. Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа. „Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина. Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“. Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието. За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЕштон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глуматаХоливудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат. Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent). Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг. „Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent). 48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb). Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate). Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter