Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција - Канал 5

Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција

Пријавени се вкупно два случаи кај кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. 

Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција

Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската градска болница „Борка Талески“ по денешниот состанок се огласи со соопштение во кое нагласува дека во Болницата се постапува според годишна програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Велат дека се два случаи за кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции.

-Пријавени се вкупно два случаи кај кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. Првиот случај е вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван е пуштен дома. Вториот случај е пациентка која е дојдена за експлоративна интервенција по што е пуштена дома и е вратена следниот ден со покачена телесна температура, по што тогаш е земена крв за хемокултура и притоа е најдена Staphilococcus epidermidis (бактерија која сите ја имаме на кожата), а двете последователни хемокултури се без наод. Уште пред добивање на наодот од микробиологија емпириски е почната комбинирана антимикробна терапија соодветна на антибиограмот. Пациентката беше пратена на лекување на терциерно ниво на клиниките во Скопје каде продолжија со соодветно лекување, но за жал случајот заврши летално. Други случаи за пријава на интрахоспитална инфекција во нашата болница нема, соопштуваат од Комисијата.

Прилепската болница е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и во текот на денот очекуваат да стигнат неколку конечни наоди.

- Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат редовно се прават месечни и тримесечни контроли со исправна микробиолошка состојба што е случај и сега. Комисијата за интрахоспитални инфекции секој ден одржува состаноци, ги разгледува резултатите и донесената одлука да се одложат операциите поради превенција, беше одлука на Комисијата, а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа. Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот, се вели во соопштението на Комисијата за интрахоспитални инфекции при приепската градска болница.

Во меѓувреме се очекуваат резултатите од земените брисеви во операционите сали на гинекологија, хирургија и на ортопедското одделение, и од персоналот, како и наодот од обдукцијата за причините за смртта на 52-годишната пациентка која минатата недела по интервенција на одделението за гинекологија со компликации е пратена на скопските клиники каде починала. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска рече дека не сакаат да шпеекулираат додека стигнат резултатите и ги очекуваат наскоро.

-Се додека не добиеме резултати не смееме да шпекулриаме што е причината за смртта на пациентката. Апелирам да се причекаат резултатите од обдукцијата и се надевам дека наскоро ќе имаме информација, ни изјави Младеновска.

Прилепското обвинителство по допрен глас отвори предмет за состојбите со болницата. Почна да прибира информации и документација од здравствениот Инспекторат, од Болницата, а и полицијата да преземе дејствија за три случаи на лекување кои се искомплицирале.

Операционите сали во прилепската болница осми ден се затворени, а итните случаи се праќаат во блиските регионални болници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Поранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. 

Руски олимпиец загина во војната во Украина

Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.

„Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина.

Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно.

Настапил два пати на Олимписки игри

Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место.

Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место.

Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва.

Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем.

Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец?

Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати.

Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини.

Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото.

Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.

Тајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)

Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот.

Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час

Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час.

Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер