Во прилепската библиотека одбележани 100 години од раѓањето на Блаже Конески - Канал 5

Во прилепската библиотека одбележани 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Според академик Катица Ќулавкова од МАНУ, Блаже Конески ја испрати својата порака за значењето на јазикот кој е наша основна татковина, а ние со порака дека треба да го чуваме зашто е дел од идентитетот на македонскиот народ.

Во прилепската библиотека одбележани 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Прилепската библиотека меѓу првите доби поголем дел од 12-томното издание за творечкот опус на великанот Блаже Конески кој се подготвуваше неколку години и МАНУ го издава во годината кога славиме 100 години од раѓањето на кодификаторот на македонскиот современ јазик, на поетот, прозаист, академик, граматичар Блаже Конески.

Според академик Катица Ќулавкова од МАНУ, Блаже Конески ја испрати својата порака за значењето на јазикот кој е наша основна татковина, а ние со порака дека треба да го чуваме зашто е дел од идентитетот на македонскиот народ.

– Се наближува денот на раѓањето на великанот Блаже Конески кога одбележуваме 100 години од неговото раѓање (19 декември). Овде во прилепската библиотека сум на некој начин да ги промовирам изданијата на МАНУ кои се резултат на еден долгогодишен проект, критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески. Станува збор за 12 тома: во првите два тома е објавена поезијата, потоа препевите на Блаже, па прозата, есеите на Блаже Конески, Кирилометодиевистиката, и последните неколку томови се исклучиво лингвистички, и завршуваме со неговата граматика иприлозите кон современиот македонски јазик. Тоа е што се однесува до критичкото издание што го почна академик Ѓурчинов, а јас го продолжив. Со голем тим на лингвисти, книжевни научници успеавме да го завршиме ова навистина значајно издание. Сите пораки на Блаже Конески за македонскиот јазик се дадени во неговото обемно научно и поетско дело, а тоа е дека: македонскиот јазик е нашата идеална татковина, тоа е духовна и го обединува македонскиот народ каде и да е. А ние, како Ману постојано излегуваме со институционални ставови за македонскиот јазик, прво за јазик кој е самостоен, произлегува од групата словенски јазици, имаме самостоен развој.Македонскиот јазик е богат граматички, структурно и се залагаме во современо доба да врши интегративен фактор во нашето општество, рече Ќулавкова.

Според Моника Талеска, директор на библиотеката „Борка Талески" во прилепската библиотека од приближно 135.000 книжни единици, околу 200 се на Блаже Конески.

– Тоа е релативно мал дел од фондот на библиотеката. Особено сме горди на еден раритетен примерок од 1945 година со наслов „Македонската литература и македонскиот литературен јазик кој сега има и ново издание. Го чуваме како посебен примерок кој за нас има огромна вредност. Многу ни е драго што денес го организираме овој настан, по повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески за да ја оддадеме нашата почит кон ликот и делото на великанот Конески, рече Талеска.

На настанот по повод 100 години од раѓањето на Конески се читаше негова поезија, а академик Ќулавкова се осврна кон творечкиот опус на Конески. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер