МакедонијаВо Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош Бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп се зголемува. Според податоците од прилепскиот Центар за социјални работи, за 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата. Според Центарот, во прашање е зголеменото пријавување на насилството. Но, според психологот Ана Алексоска која работи со жртви на семејно насилство, не е во прашање зголеменото пријавување. Жртвите повеќе се советуваат отколку што го напуштаат насилниот дом. Им треба меѓуинституционална поддршка. -Според мене, ретко се пријавува семејното насилство. Почесто доаѓаат на психолошко советување за да се охрабрат и да најдат начини како да живеат во таа заедница. Многу е тешко да пријават и да излезат од таа заедница. Потребна е институционална помош за жената да излезе од тој „круг“ и да живеее живот без насилство, вели Алексоска. Невладината организација „Станица П.Е.Т.“ спроведува проект во кој се опфатени правна, психолошка, а од овој октомври и економска помош за жените-жртви на семејно насилство. -Од овој месец почнуваме и програма за економско јакнење на жените, односно, онаму каде е потребно дооформување на образованието, поврзување со работодавци. Ако на една жена не и обезбедиме целокупна поддршка, психолошка, советување но и да се интегрира и на пазарот на трудот, не можеме да очекуваме таа сама да се избори и да излезе од кругот на насилството.За да може една жена да се охрабри, пред се, треба да има доверба во системот и тој да нуди интегрирана и сеопфатна поддршка. Многу е битно да се знае што потоа ќе прави таа жена, каде ќе оди откако би излегла од домот каде живее со насилен партнер. Затоа е клучна сеопфатната поддршка, објаснува Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“. Од прилепскиот Центар за социјални работи ги охрабруваат жртвите на семејно и родово базирано насилство да пријавуваат. Уверуваат дека ќе ја добијат помошта.Тагови: Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШвајцарците изгласаа забрана за приватни огномети, јавните остануваат дозволени Гласачите во Швајцарија денеска на референдум одобрија забрана за приватна употреба на бучни огномети, и покрај противењето на владата и парламентот. Организираните јавни огномети на фестивали и национални прослави ќе останат дозволени. Според конечните резултати на Федералниот завод за статистика, 59,8 проценти од гласачите гласале за забраната, објавува германската агенција Дпа. Референдумот Швајцарците го одржаа на барање на граѓанска иницијатива која предупреди за стресот и паниката што ги предизвикуваат гласните огномети кај домашните и дивите животни. Јавните огномети остануваат дозволени Забраната главно ќе се однесува на приватната употреба на огномети и се очекува да стапи во сила во следните две години. Организираните јавни огномети на фестивали и прославите на швајцарските национални празници ќе останат дозволени. Забраната за огномет се дискутира во Германија со години, додека забраните веќе се воведени во некои европски земји, вклучувајќи ги Ирска и Холандија. Владата и парламентот се спротивставија на забраната Швајцарската влада и парламентот се спротивставија на забраната, истакнувајќи дека огнометите се традиција и израз на радост за многу луѓе. Тие исто така тврдеа дека бучавата ги вознемирува луѓето и животните само неколку дена во годината. Меѓу аргументите против забраната беа можните големи финансиски загуби за пиротехничката индустрија. Прскалките не се опфатени со забраната Прскалките не се опфатени со новата забрана бидејќи не прават бучава. Токму прскалките предизвикаа пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана за време на приемот во 2026 година, при што загинаа 41 лице, а десетици беа повредени. По трагедијата, употребата на рачни прскалки и пиротехнички фонтани беше забранета на затворени јавни простори.Тагови: огномет Швајцарците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БалканУжас во Приштина: Мајка ги подведувала малолетните ќерки за пари, уапсени се три лица Основниот суд во Приштина им одреди мерка притвор до 30 дена на тројца осомничени за тешки кривични дела трговија со луѓе и сексуална експлоатација на две малолетни девојчиња, од кои едната е нивната мајка.Одлуката ја донесе Одделот за сериозни кривични дела, постапувајќи по барање на Одделот за малолетници при Основното обвинителство во Приштина. Станува збор за иницијалите Е. Б., М. Ц. и Р. С., објави Телеграфи. Според соопштението на судот, осомничената Е. Б. се товари за кривично дело трговија со луѓе, бидејќи е осомничена за груба злоупотреба на родителската положба и авторитет и овозможување сексуална експлоатација на сопствените малолетни ќерки во замена за пари и друга материјална корист. Од друга страна, М. Ц. и Р. С. се осомничени за користење сексуални услуги од жртви на трговија со луѓе. Судот во своето образложение наведе дека мерката притвор од еден месец за сите тројца обвинети била неопходна. Клучните наведени причини се ризикот од бегство доколку бидат ослободени, реалниот ризик дека би можеле да влијаат врз малолетните жртви и да ја попречат истрагата, како и постоењето на специфични околности што укажуваат дека би можеле да ги повторат кривичните дела.Тагови: ќерки Приштина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗаврши политичката блокада во Шведска- познато е кој ја презема премиерската функција Шведската партија на центарот официјално се согласи да се приклучи на планираната малцинска коалициска влада, која се очекува да му даде на лидерот на Умерената партија, Улф Кристерсон, доволна поддршка за втор мандат како премиер.Шведскиот парламент, Риксдаг, ќе гласа во понеделник за тоа дали Кристерсон ќе биде избран за премиер, со што ќе се стави крај на повеќе од два месеци политички ќорсокак по општите избори во септември, објави шведската новинска агенција ТТ.. Шведските општи избори се одржаа на 13 септември, а социјалдемократите на Магдалена Андерсон освоија најмногу гласови, со 28,02 проценти. Умерената партија освои 19,85 проценти од гласовите, по што следуваат Шведските демократи со 17,48 проценти, Левицата со 8,40 проценти и Партијата на центарот со 7,03 проценти. Христијанските демократи освоија 6,17 проценти, Зелената партија со 6,12 проценти и либералите со 5,34 проценти. BREAKING: Centre Party leader Elisabeth Thand Ringqvist has announced that the party’s council has voted to back Ulf Kristersson as prime minister in tomorrow’s vote. The decision passed by 36 votes to 23. https://t.co/mZ6alIPF7c — S🕊️🇸🇪 (@8bdrssss) November 29, 2026 Андерсон се обиде да формира влада со социјалдемократите, Партијата на центарот, Левицата и Зелените. Сепак, Партијата на центарот одби да ја прифати Левицата во владата, додека Партијата на левицата инсистираше на добивање министерски места. Како резултат на тоа, преговорите не успеаја. Партијата на центарот, исто така, отфрли влада која би зависела од поддршката на крајно десничарските Шведски демократи. After 77 days of political drama and turmoil the 🇸🇪 Parliament tomorrow will give green light to Ulf Kristersson to form a new centre-right government. It will be a minority coalition government, but not in danger from the divided opposition. We will see what policy adjustments the inclusion of the Center party will cause when the new government emerges towards the end of the week. But there will obviously be continuity in the foreign and security policies as well as in the broad lines of economic policy. The leftist parties, which somewhat prematurely had celebrated victory after the election, will for the time being sink down in anguish and depression. — Carl Bildt (@carlbildt) November 29, 2026 На 24 ноември, Андерсон се откажа од обидот да формира влада. Кристерсон беше премиер на Шведска од септември 2022 година до септември оваа година.Тагови: Премиер Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14