3По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЗабаваВо Прилеп се одржува осмиот „Крали Марко“ болдеринг фестивалПреку 60 болдеристи од земјава и од Словенија, Германија, од Австрија викендов учествуваат на осмиот „Крали Марко“ - болдеринг фестивал во Прилеп. Тие ги искачуваат карпите кај Марковите Кули, особено познатата дестинација, карпата „Камена Баба“. Според Ице Белакапоски од планинарското друштво „Златоврв“, организатор на Фестивалот, карпите околу Прилеп се позната дестинација на европската и светската мапа на атрактивни места за искачување. - Традицијата продолжува. И овој пат имаме гости од неколку држави: Словенија, Германија, од Србија, Македонија, Австрија. Се надевам времето ќе не послужи и успешно ќе ја завршиме промоцијата на Прилеп како атрактивна болдеринг-дестинација. Прилеп го има местото на европската мапа, спортисти доаѓаат преку целата година. Атрактивна е и околината на манастирот Трескавец, вели Белакапоски. Учесниците воодушевени од предизвикот што го нудат карпите за искачување. На Бојан Хриберник и Наташа Ржек од Словенија не им е прво учество на Фестивалот. - Болдерингот во Прилеп е „закон“. Веќе шести пат сум тука. Супер е. Има многу карпи за искачување. Ми се допаѓа целиот амбиент: луѓето, храната. Затоа се враќам повторно. Ние сме алпинисти, ама болдерингот ни е страст, вели Хриберник. Тошко Митрески од Македонија пет години се занимава со болдерингот. Прилеп е во 10-те топ дестинации а болдеринг. - Болдерингот го одбрав зашто дава мир. Ме исполнува и по работата е совршена релаксација. Теренот е совршен и е во топ 10-те места во светот за искачување карпи, зашто карпите овозможуваат многу насоки за искачување, вели Митрески. Спортистите утре ќе го завршат своето учество на „Крали Марко-болдеринг фестивалот“ во Прилеп. Жири комисија ќе ги бодира учесниците по што ќе бидат прогласени најдобрите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСвечена владина седница по повод Денот на албанската азбука „22 ноември“Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука. Свое обраќање на седнциата имаше на министерот за односи меѓу заедниците Агрон Ферати кој упати порака дека различностите во дражавата не разидинуваат и разделуваат, туку дека ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна. Претходно Денот на албанската азбука го чееститаа и премиерот Мицкоски, претседателката Сиљановска Давкова и собранискиот спикер Африм Гаши, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам Дали македонските граѓани се лесна мета за врбување во терористички и паравоени организации но и колку наши жители се ставени во функција на странски терористички ќелии? Овие прашања се актуелизираат по апсењето на четворица македонски државјани под сомнение дека планирале атентат во Грција како дел од меѓународна терористичка организација. На оваа тема Афродита Рамос разговараше со Злате Димовски - професор од Факултетот за безбедност. Во видеото погледнете го целиот разговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаПо последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација. Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите. – Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата. -Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. -Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство. – Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook