Во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2023“ - Канал 5

Во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2023“

По 21-пат во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2023“. 

Во Прилеп се одржува карневалот „Прочка 2023“

Над 500 маскирани со преку 20 групни маски дефилираа во центарот на градот. Карневалот, традиционално го отворија прилепските мечкари како заштитна карневалска маска. На булеварот „Гоце Делчев“ дефилираа мечкари, маски за каменото време, часовник кој отчукува, другарот Тито, забавувачи на штули,посетители од странство.

-Ние сме од Куратица, охридско. Дојдовме на карневалот во Прилеп со нашата маска. Имаме и кај нас карневалски свечености, ама се на Василица. Соработуваме со Прилеп. Нашата маска претставува доаѓањето на Тито во нашето село. Овде во Прилеп го носиме нашиот Тито, тука се и нашите селани и ќе направиме голема изведба, вели „офицерот“ Никола Аврамоски од Куратица, охридско.

Прилепското здружение „Прочкари“ кое ги зачувува културата и традицијата и годинава со своја оригинална маска. Велат маската претставува како се вршело на нивите во минатото; со волови и магариња.

Љупчо Николоски, член на здружението „Прилепски мечкари“ објасни дека силна е традицијата за мечкарите.

-Ја продолжуваме традицијата на прилепските касапи и маскирањето во мечкари. Касапите кои цела година колеле животни, на Прочка бараат прошка и оттука е долгата традиција на маскирање со сурати, клопотарци, со кожи од животните. А „суратите“ мора да бидат страшни, објаснува Николоски.

Како гостин, за првпат на карневалот е и Парис Анамитис од Грција кој, вели е воодушевен од атмосферата.

Доаѓаме од Кожани, Грција. Сме биле во Прилеп, ама на Прочка сме првпат, зашто слушнавме дека е многу интересно за карневалот. Многу е убаво, вели Парис Анамитис од Грција.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ја нагласува карневалската традиција за Прочка, но и простувањето.

- Да се проштева и да се бара прошка е голема човечка доблест. Така е и на Прочка, во името на традицијата мечкарите кои датираат уште од 30-тите години на минатиот век , ја одржуваме оваа традиција и покажуваме креативнос, сето во духот на традицијата и желбата помалиот да му прости на повозрасниот, рече Јовчески.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ смета дека е голема улогата на мечкарите во одржувањето на традицијата и на карневалот.

- И годинава, како секогаш досега, прилепските мечкари го отворија карневалот. Годинава имамае преку 50 мечкари, а учесниците се над 500 од сите краишта на Макеоднија. Маските годинава се многу оригинални и имаат една цел - да ја одржат традицијата од овие простори која датира со векови, рече Георгиев.

Стручно жири ќе ги одбере најдобрите маски на годинашниов карневал, а прилепските мечкари ги покануваат сите на традиционален понеделничен посен грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во близина на Прилеп. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха.

Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода.

Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек.

По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го.

Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата.

Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен.

Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени.

Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. 

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс.

Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка.

Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони.

Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер