ЗабаваВо Прилеп се одржа европско првенство во воздухопловно моделарствоСо прогласувањето на најдобрите поединци и екипи синоѓа на плоштадот „Александрија“ во Прилеп заврши Европското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство што го организираа Воздухопловната федерација на Македонија и прилепскиот клуб „Феникс“, а се одржуваше од 25 до 29 јули. На првенството учествуваа 80-ина натпреварувачи од 19 европски земји, кои се натпреваруваа во три категории на спортскиот аеродром кај Прилеп. Според директорот на шампионатот Здравко Тодороски, организирањето на првенството е потврда на високите стандарди воспоставени лани кога се одржа Светското првенство во воздухопловно моделарство. -Ланското искуство со организирањето на Светското првенство потврди дека сме одлични организатори. Првенствените натпревари учесниците ги одржуваа на спортскиот аеродром кај Прилеп кој има идеални услови и е еден од најдобрите на Балканот. Задоволни сме зашто се протече во најдобар ред. Учесниците се натпреваруваат во три категории Ф-1-А, Ф-1-Б и Ф-1-П. На ова првенство се покажа максимално присуство на наука, нови технологии, електроника, многу високи психо-физички карактеристики на спортистите што укажува дека во овој спорт секоја година се покажуваатсе поголеми врвни резултати, изјави Тодороски. Претседателот на меѓународното жири, Јоже Чуден од Словенија нагласи дека ова е силен шампионат, а теренот е еден од најдобрите. -Имавме три категории на летала. Едните се слободно летачки модели, едрилици, кои се влечат со конец, другата класа се модели со погон на гума, а третата се оние со мотор на гориво. Тука се присутни држави кои се лидери во овој спорт, како што се Русија, Украина, Израел, Полска, Романија и други. Ова е најсилен шампионат во Европа кој се организира за оваа сеозна во 2017 година. Овој терен е еден од најдобрите терени кои ги имам видено, се е чисто, нема никакви препреки, а тоа е многу значајно за праќањето и за враќањето на моделите, рече Јоже Чуден. За менаџерот на македонската репрезентација Трајко Базерко сега е моментот на смена на генерациите во репрезентацијата. -Имаме смена на генерациите, но тука се големите таленти кои постојано учат. Меѓу нив се нашите идни пилоти, вели Базерко. Според учесниците, на првенството стекнаа големи искуства. Давид Липски од Полска вели дека сака да биде светски сениорски првак. - Ова е креативно хоби. Татко ми ме научи да правам летала. Желба ми е да бидам светски сениорски првак и да станам инженер по аеронаутика, вели Липски. Игор Босниевич од Русија на првенството ги зацврстил пријателствата и има одлични впечатоци. – Имам 16 години. Моделарството го сакам зашто е одличен спорт со многу техника. Посебно задоволство е кога се управува со леталото и се вивнува во небото, вели Босниевич. Тодороски најави дека и следното Европско првенство по две години ќе се одржи во Прилеп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 17. септември 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 17. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенко Филипче во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Кој ги кочи вистинските реформи, а кој се меша во независноста на институциите? Каде водат трагите за криминалот, а кому му се во функција „судиите од тефтерчињата“? Кој брои публика, а кој провизија? Кој бара алиби, а кој не сака предвремени избори? На неколку дена до објавување на новата стратегија за проширување на ЕУ -можни ли се изненадувања? Што ќе донесе посетата на Фон Дер Лајен? Можни ли се гаранции за уставни измени за деблокада на процесот? Има ли крај на политичкиот пинг-понг меѓу власта и опозицијата, како да се стави крај на длабоката поделеност во општеството? Вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче во Само Интервју со Гоце Михајлоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook