3Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници
ЗдравјеВо Прилеп се интензивира вакцинацијата, ќе се затвора модуларната болницаСе интензивира вакцинацијата на регионалниот пункт во Прилеп. Зголемен е бројот на термините од 500 и денеска се пријавени 890 термини за вакцинација. Изутрината се вакцинираа инвалидизираните лица, а почна имунизацијата и на помладата популација. Доктор Сашо Пуцакоски кој на вакциналниот пункт го следи процесот вели дека покрај ревакцините почнаа да се даваат и дози на Фајзер и на Синовак. -Денеска почнавме со вакцинација со фајзер, а и на Синовак, а тече ревакцинацијата со Астра зенека, со Синофарм и со Фајзер. Нема никакви проблеми и се надеваме така ќе продолжи, вели доктор Пуцакоски. Кети Смилеска, директор на прилепската градска болница со општа надлежност нагласува дека евидентно почна да се забрува процесот. – Денеска почна да се имунизира и помладата популација. Има 890 термини, а капацитетот е и до 1000 вакцинирања дневно. Дури 80 насто од граѓаните над 60 години веќе примиле вакцина. Досега се вакцинирани околу 12 000 граѓани од кои 4000 примиле втора доза и очекуваме тоа да се забрза. Се смета дека уште околу 3 000 прилепчани се вакцинирале на други регионални пунктови. Деновиве преку стопанската комора чекаме да почне вакцинирањето на вработените во фирмите и во институциите, вели Смилеска. Од Министерството за здравство се очекуваат насоки за теренската имунизација. – Чекаме како ќе се одвива теренската имунизација во населените места. Ние ќе формираме тимови кои, независно од тимовите на пунктот ќе одат и ќе вршат имунизација во населените места. Имаме доволно персонал за да не забави интензитетот на вакцинацијата, изјави Смилеска. Денеска треба да замине дома и последниот хоспитализиран пациент во модуларната болница. Потоа модуларната ќе биде времено затворена за да се дезинфицира и персоналот се надева дека нема да биде потребна во догледно време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМинистрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските границиФон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter