Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
Други спортовиВо Прилеп пуштена во употреба вештачка карпа за искачувањеДиректорот на Агенцијата за спорт и млади Александар Пујовски заедно со градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, денеска ја промовираа новата вештачка карпа за „болдеринг“ во гимназијата Мирче Ацев.Оваа вештачка карпа е одлична можност за развивање на алтернативните спортови во Прилеп, како и можност плус за младите генерации да се насочат на правилен раст и развој преку спортските активности, и да се посветат на здрав живот со натпреварувачки дух. Карпата ја обезбеди ПСК „Златоврв" во соработка со Локалната самоуправа, со поддршка од Агенцијата за спорт и млади и Македонската федерација за спортска искачување од која произлезе и спортско клуб „Златоврв’’. Воедно, од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија изградено и подготвено за пуштање во употреба на повеќенаменско игралиште од проектот „100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“, а идната година во програмата на АМС планирано е да се изгради уште едно повеќенаменско игралиште и тениски терени на територијата на општина Прилеп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната. На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“. Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев. Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршкаВкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%. Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во УкраинаАмериканскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њујорк . Средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Стејт департментот. Средбата се одржува во рамките на дипломатските напори на Вашингтон поврзани со војната на Русија против Украина, пренесува „Киев индепендент“. Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН. По средбата со Трамп, Зеленски изјави дека Украина е подготвена за енергетско примирје, под услов Русија да се согласи на истите услови. Двајцата претседатели разговараа и за поддршката за Украина во текот на зимата, за противвоздушната одбрана и за идните мировни преговори. Руските државни медиуми објавија дека Лавров пристигнал во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Рубио и Лавров се сретнале неколку пати во текот на изминатата година, како дел од напорите на администрацијата на Трамп да посредува за прекин на руската инвазија. Двајцата дипломати се сретнале и на маргините на минатогодишното Генерално собрание на ОН во септември 2025 година, кога Рубио ја повикал Москва да го „запре крвопролевањето“ и да преземе конкретни чекори кон завршување на војната. Пред тоа, тие одржале разговори во Ријад во февруари 2025 година – првите официјални преговори на високо ниво меѓу САД и Русија од почетокот на руската инвазија од целосен обем. Стејт департментот соопшти дека Рубио престојува во Њујорк од 20 до 23 септември по повод 81-вата сесија на Генералното собрание на ОН. За време на посетата, тој се среќава со министри за надворешни работи од други земји за да разговараат за безбедноста, економските прашања и напорите за постигнување мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter