КултураВо Прилеп прва театарска премиера во пандемијаВечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" премиерно ќе биде изведена камерната претстава „Да не е галеб" според Чехов и според американскиот драматург Поснер, во режија на Саша Нацески,Прилеп ќе ја добие првата премиера на театарска претстава од почетокот на пандемијата. Вечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" премиерно ќе биде изведена камерната претстава „Да не е галеб" според Чехов и според американскиот драматург Поснер, во режија на Саша Нацески, а во продукција на Театарот „Чин 4 Сцена 5". Како што објаснува режисерот Нацески, претставата се работеше месец и половина според сите мерки за заштита, а така ќе биде и на премиерата со максимум публика од 36 љубители на театарската уметност. Идејата да се работи дојде на прашањето што се случува со уметноста во ова време-невреме. – Идејата да го поставиме текстот на сцена е поради она што ни се случуваше изминатите месеци. Кога е сè закочено, си го поставив прашањето кое е местото на уметникот во ова време-невреме. Сфатив дека местото на уметноста е многу есенцијално. Ако ја нема, човековиот род би ја немал својата душа. Овие месеци најмногу се виде дека она што не треба да го правиме е да се жалиме дека нашиот живот е несреќен, а се виновни другите. Светот треба да го погледнеме од друга перспектива. Ова ни се случува, ќе помине. Ама, засега нема да престане. Тоа е животот, треба да се соочиме со сите удари кои ни ги задава. Кога прашавме за протоколите најбитно беше актерите да држат одредена дистанца, за време на пробите да носат маски, визири, дезинфекција на сите простории, на сцената, на гардеробите. Нема да се носат визири на претставата. За овој месец и половина колку што работевме, имавме интерен договор тој круг на луѓе со кои контактиравме да го сведеме на минимум, објаснува Нацески. Претставата е работена според мотивите на драмскиот текст на Чехов „Галеб" и според текстот „Глупа заебана птица" на Арон Поснер, американски драматург. Во претставата играат актерите: Илија Волчески, Јасмина Мицеска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски и Дарко Карбески, Наталија Ристеска, Михаил Миленкоски и гостинката од Пробиштип Стефанија Митовска. Во креативната екипа се вклучени композиторот Томе Темелкоски, за звучниот дизајн е задолжен Кире Најдоски, сценографијата е на Мартин Милкоски и на Борче Димов. Нацески вели дека во јули биле на работ на целосно затворање на Театарот. – Она што не одржа во живот е нашата исконска потреба да твориме. Тешко е сега за уметноста, особено театарската. Имаме минимални средства од Министерството, ние речиси двапати го надминавме буџетот за претставата. Но државата треба да размисли за улогата на уметноста зашто таа и културата се душата на едно општество, смета Нацески. Актерот Илија Волчески вели дека последно на сцената бил кога прилепскиот театар „Војдан Чернодрински" славеше 70 години постоење во почетокот од годинава. – Повеќемесечната пауза за актерите е голем хендикеп. Континуитетот е загубен. Кога зедов да работам на монолозите, немав кондиција. Друго дома незадолжително да работите, друго е на сцената. Се чувствував како атлетичар кој ја повредил ногата. Но театарот, мотивацијата никогаш не умираат. Ова што се случи, непогоди сите, ама мотивот стана многу поголем и во нас се разбуди позитивниот гнев да бидеме уште подобри на сцената. Мислам дека е одлично што сега се случи претставата. Голема поткрепа е за актерот, духовна и физичка зашто, сепак, театарот живее во нас, изјави Волчески. Актерот Димитар Ѓорѓиевски нагласува дека театарот низ вековите опстојувал и ќе опстои. – Имаше моменти ако некој се почувствува настинат на сцената, држевме дистанца, па еве, не чуваше Господ, тука сме за премиерата. Но, најбитното својство на театарот е дека опстојува и е многу отпорен на сè, вели Ѓорѓиевски./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter