Во Прилеп одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков - Канал 5

Во Прилеп одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков

Со почит и свежо цвеќе пред неговиот споменик, прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков" ја одбележа 100-годишнината од смртта на својот патрон и на најголемиот и истакнат собирач на македонски народни умотворби- Марко Цепенков.

Во Прилеп одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков

Почит му оддадоа делегации на Центарот и од локалната самоуправа предводени од диоректорот на институцијата Рубинчо Белчески и од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Центарот за култура 41 година го носи името на истакнатиот собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.

Во вкупниот број публикувани и непубликувани негови дела може да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал како речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија.

Низ годините прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински" прикажал повеќе претстави во кои се преплетувал ликот на Марко Цепенков. Целосни претстави посветени на големиот прилепски и македонски творец се: „Натемаго" од 2006 година и „Сонот на Цепенков" , претстава од 2013 година.

Поради пандемијата изостанаа повеќето манифестации кои ги планираше приелпскито Центар за култура кој го носи името на големиот народен творец Марко Цепенков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора го менува Уставот

Без да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.

Црна Гора го менува Уставот

Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата.

Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон.

„Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер