Во Прилеп одбележан 4 април- Денот на тутунските работници - Канал 5

Во Прилеп одбележан 4 април- Денот на тутунските работници

Не случајно е избран 4 април за Ден на тутунските работници. Точно на денешен ден пред 153 години, во 1873 година е отворен првиоит магацин, во рамките на Тутунскиот комбинат во Прилеп, за откуп на тутун. 

Во Прилеп одбележан 4 април- Денот на тутунските работници

Тутунопроизводството е една од најважните земјоделски гранки во Македонија, а тутунарите се значајни чинители во македонското стопанство, нагласи Илија Тутуески, член на Сојузот на тутунските здруженија при денешното одбележување во Прилеп на 4 април, Денот на тутунските работници.

- Не случајно е избран 4 април за Ден на тутунските работници. Точно на денешен ден пред 153 години, во 1873 година е отворен првиоит магацин, во рамките на Тутунскиот комбинат во Прилеп, за откуп на тутун. Затоа тутунопроизводството е вековна традиција. Ова не е само симболично одбележување, туку и потсетување на општествената улога што ја имаат тутунопроизводителите во македонското земјоделство и во економијата, рече Тутески пред претставниците на тутунските здртуженија при денешното одбележување во прилепскиот хотел „Салида“.

Повеќе од 20 000 семејства, или преку 80 000 граѓани во земјава зависат од тутунопроизводството, а Сојузот на тутунските здруженија повеќе од 70 години работи на унапредувањето на состојбите во оваа земјоделско-индустриска гранка.

Исплатливоста на производството ќе се одржува преку цената.

-За да се одржи ова производство но и да се заинтересираат помладите генерации да работат на нивите, многу е битно да има исплатлива цена, рече Тутески.

За Муса Ибраимоски од Долнени,член на Сојузот на тутунските здруженија многу е битно да се зачува достоинството на тутунопроизводителот.

- Производството се одржува и во Долненскиот регион, како еден од најголемите производствени реони во Прилепско. Но мора да се запазат и класите тутун и тутунарите секогаш да ги имаат поверениците при откупот, рече Ибраимоски.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија тутунарите ќе ги добијат субвенциите за брзо.

-Инспекторатот ги направи контролите за откупените количества во претпријатијата и се очекува кон крајот на април тутунарите да ги добијат субвенциите за ланскиот род, рече Ристески.

Почна новата производствена година, во тек е расадопроизводството. Се најавува за 10 проценти зголемен интерес од лани кога се откупија околу 26 000 тони. Склучувањето договори за годинашнава реколта тутун е пролонгирано до 9 април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер