КултураВо Прилеп и Долнени се одржува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“Околу 300 изведувачи на изворниот мелос синоќа во центарот на Прилеп, вечер на Рудина кај Долнени ја продолжуваат традицијата во негувањето и зачувувањето на богатиот изворен македонски фолклор .Околу 300 изведувачи на изворниот мелос синоќа во центарот на Прилеп, вечер на Рудина кај Долнени ја продолжуваат традицијата во негувањето и зачувувањето на богатиот изворен македонски фолклор на 48 Фестивал на народни иснтрументи и песни „Пеце Атанасовски“. Одекнуваат гајдата, кавалот, зурлите, табаните, се разлева изворната музика. И старите и младите изведувачи се убедени дека ќе успеат да го зачуваме културното богатство. Раде Петровски од Крива Паланка свири на кемане и вели дека токму Фестивалот и ваквите средби овозможуваат да се зачува фолклорот. – Ваквите средби и фестивали овозможуваат да ја продолжиме традицијата, да ги негуваме обичаите кои се наш идентитет и неисцрпно богатство. Факт е дека младите повеќе се понесени со модерните текови, но уверен сум, оти гледам млади учесници, дека ќе го зачуваме она што не прави посебни и се негувало од колено на колено, вели Петровски. Бобан Анакиев од Кочани е млад изведувач на народни инструменти и ги изработува. -Ги свирам народните инструменти и истовремено ги изработувам. Правам гајди, кеманиња. нема голема заработувачка, ама тоа е мојата љубов. Ги купувата фолклорни групи, КУД и радоста е во изработката, вели Анакиев. Според Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот немас опасност да се загуби традицијата. Годинава има многу млади изведувачи. – Интересот за изведување и за учество на фестивалот е голем. Од преку 350 заинтересирани, со селекција направивме избор на 300 изведувачи од сите краишта. Имаме и гости од Србија. Нема опасност за богатиот македонски фолклор, изјави Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Од Скопје. Во рамките на Фестивалот се одржаа семинар за изучување на изворниот мелос со 10-тина талентирани млади, а на симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ беше промовиран зборникот со најновите научни трудови од фолклористиката. Од 19 часот на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер. Фестивалот ќе ги награди најдобрите, а најуспешниот гајдаџија ќе ја понесе гајдата на Пеце што ја доделува општина Долнени./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПреку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела ВодаСтанува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода.Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на оваа боенка се илустрирани голем број препознатливи локалитети, меѓу кои излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други значајни места за општината. Боенката е изработена по иницијатива на градоначалничката од страна на Одделението за предучилишно воспитание при Општина Кисела Вода, а ќе им биде поделена на сите дечиња од големите групи во сите детски градинки на територијата на општината. -Целта на оваа иницијатива е од најрана возраст да им ги доближиме на децата убавините, знаменитостите и културата на нашата Кисела Вода. Преку боењето на овие локалитети тие не само што ја развиваат својата креативност и моторика, туку и учат да го сакаат своето родно место. Голема благодарност до Одделението за предучилишно воспитание кое ја преточи оваа идеја во прекрасно дело. Нашата грижа и вложување во најмладите остануваат наш врвен приоритет- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин ги отфрла повиците за мировни преговори, се подготвува за нови офанзивиСпоред нив, неодамнешните украински напади врз руски рафинерии и пристаништа дополнително ја зацврстиле неговата одлука, а постои и можност за ескалација на конфликтот во наредните месеци.Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците за мировни преговори со Украина и е решен да ја продолжи воената кампања, велат извори од Кремљ за Ројтерс. Коментарите доаѓаат откако Трамп во понеделникот изјави дека Путин сакал војната да заврши и дека решението е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“. Трамп минатата недела имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски. Тој се сретна со Зеленски на самитот на НАТО во средата каде што украинскиот претседател рече дека разговарале за „идеи за приближување на мирот“. Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков соопшти дека Русија е подготвена за „мирно решение“, но ќе ја продолжи, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ доколку нејзините услови не бидат исполнети. Во меѓувреме, украински претставници предупредуваат дека Москва се подготвува за нови офанзиви, додека западни аналитичари оценуваат дека евентуална ескалација би можела дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Apple“ загуби на суд: ЕУ го руши „кинескиот ѕид“ околу „iPhone“, доаѓаат големи промениСудот потврди дека продавницата и „iOS“ платформата на „Apple“ се предмет на Законот за дигитални пазари на ЕУ.Американската технолошка компанија „Apple“ го загуби судскиот спор откако Општиот суд на Европската Унија ги отфрли клучните приговори на компанијата за примената на европските правила за ограничување на моќта на големите технолошки платформи. Судот ја потврди одлуката на регулаторот да ја подложи продавницата за апликации и оперативниот систем „iOS“ на „Apple“ на режимот на Законот за дигитални пазари (DMA), официјално потврдувајќи го „Apple“ како таканаречен „gatekeeper“ за овие услуги, објави „Bloomberg“. Во пракса, ова значи дека „Apple“ ќе мора да се придржува до построгите правила на ЕУ кои треба да овозможат поголема конкуренција и полесен пристап до конкурентски услуги, а екосистемот на „Apple“ ќе мора да биде поотворен за други производители и развивачи. „Apple“ ја оспори примената на европскиот закон во неколку области. Компанијата конкретно се спротивстави на обврските поврзани со овозможување компатибилност на конкурентски хардвер со „iPhone“-ите, вклучувањето на „App Store“ на „Apple“ во режимот на „DMA“ и одлуката на регулаторот да испита дали услугата за пораки на „Apple“ треба да биде опфатена со правилата. Судот ги отфрли аргументите на „Apple“ во врска со продавницата и оперативниот систем „iOS“, додека делот од случајот поврзан со пораките го оцени како недозволен, бидејќи услугата на крајот не беше означена како услуга што подлежи на целосните правила на „DMA“. „Apple“ сега може да поднесе жалба на пресудата до највисоката судска институција, Судот на правдата на Европската Унија. Американската компанија веќе се соочува со казна од 500 милиони евра од Европската комисија за наводно кршење на правилата на „DMA“ во врска со правилата на „App Store“ на „Apple“. Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38