3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотВо пресрет на посетата на Либан, папата Лав XIV отслужи миса во Ерменската катедрала во ИстанбулПред денешното заминување во посета на Либан, папата Лав XIV утринава отслужи молитва во Ерменската апостолска катедрала во Истанбул, по што следеше литургија со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.Пред денешното заминување во посета на Либан, папата Лав XIV утринава отслужи молитва во Ерменската апостолска катедрала во Истанбул, по што следеше литургија со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовниот поглавар на православните христијани ширум светот, чиј повик за одбележување на Соборот во Никеја беше причина за посетата. Папата Лав влезе во ерменската катедрала и го пофали „храброто христијанско сведоштво на ерменскиот народ низ историјата, честопати во трагични околности“, алудирајќи на масовните убиства на Ерменците за време на Првата светска војна, пренесоа американските медиуми. За разлика од папата Франциск, кој ги нарече злосторствата „геноцид“, предизвикувајќи силни реакции од Турција, Лав XIV беше дипломатски повоздржан во Истанбул, наведуваат западните агенции. По посетата на Турција, Папата ќе го посети Либан каде што ќе одржи јавна миса на местото на експлозијата во Бејрут на 4 август 2020 година и ќе се сретне со преживеаните, а според извештаите, со посетата на Либан, Папата ќе го исполни ветувањето на папата Франциск, кој со години сакаше да го посети Либан, но не можеше поради лоша здравствена состојба. Ватикан традиционално го смета Либан, земја каде што околу една третина од населението се христијани, за клучна точка за христијанскиот опстанок на Блискиот Исток. „Светиот Отец доаѓа во многу тежок момент за Либан и регионот. Посетата на папата е знак на надеж. Покажува дека Либан не е заборавен“, рече епископот Јован, грчко-католички надбискуп на Бејрут, нагласувајќи дека граѓаните се плашат од иднината и од можна нова војна со Израел. Пред пристигнувањето на папата, Хезболах го повика папата да ја осуди „неправдата и агресијата“ со која се соочува земјата и ги повика поддржувачите да се соберат по патот по кој ќе помине папскиот конвој. Исто така, христијаните во Сирија ја поздравуваат посетата на папата на Блискиот Исток со надеж. Делегација од околу 300 сириски христијани патува во Либан на средба со папата и за мисата на брегот на Бејрут. „Ни треба некој како папата да ни донесе надеж во време кога се плашиме од иднината. Би сакале папата да ја посети и Сирија, за да го охрабри нашиот народ и да покаже дека источните христијани се уште се присутни и дека ние припаѓаме на овие области“, рече еден од членовите на сириските христијани што патуваат во Либан.Тагови: Папата Лав Четиринаесети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook