Во пожарот во Атика оштетени 104 куќи - Канал 5

Во пожарот во Атика оштетени 104 куќи

Во голем дел завршена процената на штетите од пожарот во грчката област Атика – 104 куќи целосно или привремено несоодветни за користење .

Во пожарот во Атика оштетени 104 куќи

Тимовите од Генералниот секретаријат за санација на штетите од елементарни непогоди на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, во голем дел ја завршиле евиденцијата и процените на штетите од големиот пожар во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и 104 домови се класифицирани како несоодветни или привремено несоодветни за користење, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека тимовите извршиле проверки во општините зафатени од пожарите и досега биле проверени 184 објекти, од кои 158 куќи, 21 магацин, два јавни објекти и три деловни простории.

Проверките покажале дека 40 куќи се класифицирани како несоодветни за употреба и треба да се срушат, 64 се привремено несоодветни и потребна е поправка, додека пак 54 куќи биле окарактеризирани како погодни за употреба со помали оштетувања.

Од Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција посочија дека проверките ќе продолжат и во следните денови во поширокиот регион на Атика.

Пожарот во близина на Атина што избувна во неделата попладне и 40 часа подоцна беше целосно изгорен зафати површина од околу 10.000 хектари и предизвика штета на голем број објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер