Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
2Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
МетеоВо Пожаране за 24 часа наврнале 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе.Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврна во Пожаране, 48 литри на метар квадратен, по што следуваат со 45 Тетово, со 33 Лазарополе, со 31 Mаврови Анови. Во Охрид наврнале 29 литри дожд, Скопје-Зајчев Рид, 21, Попова Шапка, 17, Kрушево, 16, Битола, 15, Скопје-Петровец, 13, Ѓуриште, 12, Крива Паланка, 11, Прилеп, 9, Претор и Велес, 8, Гевгелија, 7, Берово и Тополчани, 6, Виница и Струмица, 4, Штип, 3, Кавадарци и Демир Капија, 2, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка температурата во 7 часот изнесувала -1 степен, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе, 4 во Kрушево, 5 во Тетово и Прилеп, 6 во Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, Охрид, Претор и Берово, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Кавадарци, 8 во Виница и Струмица, 10 во Штип, Демир Капија и Гевгелија. УХМР за денеска најави променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“. Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите. Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех. Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација. Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на часПоради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. До средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter