Во последните две недели зголемен бројот на ученици со ковид симптоми - Канал 5

Во последните две недели зголемен бројот на ученици со ковид симптоми

Во последните две недели вирусот со забрзано темпо се шири помеѓу децата во училишна возраст, вели Д-р Мира Атанасова, матичен педијатар. 

Во последните две недели зголемен бројот на ученици со ковид симптоми

Во нејзината ординација од 10 пациенти дури 7 дневно добиваат позитивен ПСР тест. Таа појаснува дека не се сите деца, но се забележува оти помалите и младите пациенти стануваат побројни.

Во меѓувреме, привршува скринингот во училиштата каде досегашното брзо тестирање пронајде само 6 асимтоматски случаи помеѓу деца во основно образование. Од најавените 8200 деца тестирани се околу 1300, или околу 15 %. Иако задоцнет, скринингот е важен, но треба да се тестира секое дете, а не само мал број, вели Д-р Атанасова.

Педијатрите велат дека вакцините значително го намалуваат ризикот од тешка форма на ковид и од смртен исход. Во земјава досега една доза вакцина примиле 5800 деца на возраст од 12 до 17 години. Целосно имунизирани, со две дози се околу 4900.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Според дел од српските медиуми, старо-новиот предводник на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и му понудил плата од 8.000.000 плус бонус за потпис.

 Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?!

Фудбалска„бомба“ – Душан Влаховиќ е на чекор до потпис со Реал Мадрид!

Српскиот ас е голема желба на Жозе Мурињо, пишува шпанскиот портал „Defensa Central“.

Португалецот Мурињо наводно смета дека на тимот му е потребен силен, физички доминантен центарфор, односно класична „деветка“, а во Влаховиќ гледа играч кој може да ги исполни сите тие барања.

Односот на Жозе Мурињо кон Душан Влаховиќ претставува спој на голема тренерска почит, медиумски провокации и постојана желба да го доведе во својот тим. Додека Португалецот ја водеше Рома, Србинот блескаше во дресот на Фиорентина, а потоа премина во Јувентус.

Мурињо постојано го опишуваше Душан Влаховиќ како „идеален и модерен центарфор“ – физички доминантен, агресивен и смртоносен во шеснаесетникот.

Римските медиуми пишуваа дека Мурињо побарал од раководството на Рома да стори сè за да го доведе, но Јувентус бил финансиски недостижен.

За време на натпреварите меѓу Рома и Јувентус, Мурињо честопати фрлаше предмети кон Влаховиќ од техничкиот простор, но по натпреварите јавно го фалеше: – Душан е фантастичен напаѓач. Ги поседува сите квалитети за да биде меѓу најдобрите во светот.

Интересно е што, кога пред две години Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, тој исто така побара од раководството на турскиот клуб да го ангажира Душан Влаховиќ. Едноставно кажано, Португалецот е воодушевен од Србинот во фудбалска смисла.

Турските и италијанските медиуми тогаш известуваа дека Мурињо лично стапил во контакт со Влаховиќ и неговиот агент Дарко Ристиќ за да ја испита можноста за евентуален сензационален трансфер во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври

Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември.

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври

За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите прогресивна Бугарија, движење за права и слободи и преродба, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање.

Во согласност со Уставот на Бугарија, доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број гласови во првиот круг, вториот круг ќе се одржи седум дена подоцна, а силите ќе ги одмерат двајцата кандидати со најголема поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема

„Околу 30 проценти од вработените немаат ниту основна опрема за работа“, порача министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати на брифинг со новинарите, на кој ги презентираше првичните наоди од анализата на работењето на министерството.

Ферати: Околу триесет проценти од вработените во министерството за политички систем немаат основна опрема

Ферати рече дека во институцијата има 139 вработени, но дека човечките и материјалните ресурси не биле целосно искористени.

Ферати посочи дека при увидот не биле утврдени индиции за незаконско финансиско работење, но како сериозен недостаток го издвои недостигот од долгорочно стратешко планирање. Министерот најави нова систематизација на министерството и формирање оддел за стратешко партнерство, меѓународна соработка и односи со Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер