Во последна секунда, Кузмановски ја ремизира Австрија

Македонската ракометна репрезентација во последната секунада го израмни резултатот со Австрија за конечен резултат 29:29.

Во текот на натпреварот, македонските ракометари држеа чекор со Австријците и речиси целиот натпртевар се одеше на еден-еден гол разлика. Кузмановски при 27-27, на минута и пол до крајот не реализира пенал, по што Дамбок ги доведе цво водство Австријците од 28-27. Митев изрмани набрзина за 28-28, останаа 30 секунди. По тајм-аутот, Австрија преку Хутечек врати за 29-28. Останаа четири секунди за нашата репрезентација, нападна со седум играчи, а Кузмановски во поскледна секунда израмни за конечни 29:29.

Во нашиот состав најефикасен беше Митев со шест гола, а по него Пешевски со пет. Голмнот Кизиќ имаше шест одбрани.

Мобилно оперативно возило за Црвениот крст како донација од Амбасадата на САД

Црвениот крст денеска како донација од Амбасадата на САД во земјава доби мобилно оперативно возило.

Мобилното оперативно возило претставува оперативно комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби, поврзување со сите институции вклучени во системот за кризен менаџмент, како и со мобилните тимови на терен.

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух вредни 1 милион евра, за градинки, училишта

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух во вредност од 1 милион евра, за градинки, училишта, болници.

Денеска и формално владата го потпиша договорот за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во оваа област, во вредност од 1 милион евра.

Уредите кои ги донира компанијата ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи...

Во март во Скопје концерт на Пласидо Доминго за прв пат во Македонија

Светски познатиот тенор Пласидо Доминго, во март за прв пат доаѓа во Македонија. 

Ќе одржи концерт на 14-ти следниот месец, во салата Борис Трајковски, а настанот ќе биде вистински спектакл, вели директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски.

Вели, со голема посветеност ќе се работи на пробите, со цел концертот да помине одлично.

Организаторите велат дека иако Димонго е светска ѕвезда, сепак имал многу скромни барање, во однос на некои нови ѕвезди кои не се понзати надвор од границите на Балканот.. Очекуваат овој настан да биде одлична можност за земјава да го развие и ваквиот вид туризам, со оглед големиот интерес и во соседните држави

Билетите за концертот се пуштени во продажба од претходно и се движат од 2.000 до 5.000 денари. Доминго во својата богата кариера која трае пет децении има над 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот.

Тој има освоено 12 Греми награди. Имал повеќе од 4.400 настапи како тенор и повеќе од 600 настапи како диригент. Бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес и на Националната опера во Вашингтон.

притисни ентер