Во пораст бројот на заболени од дијабетес, регистрирани 120 илјади пациенти - Канал 5

Во пораст бројот на заболени од дијабетес, регистрирани 120 илјади пациенти

-Бројот на заболени од дијабетес во Република Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија.

Во пораст бројот на заболени од дијабетес, регистрирани 120 илјади пациенти

Според податоците, во 2015 година преваленцата на дијабетесот изнесувала пет проценти, а во 2017 година – шест проценти. На еден дијагностициран постои еден кој не е дијагностициран и не знае дека ја има болеста, истакна директорката на Универзитетската Клиника за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска на одбележувањето на 14 Ноември, Светски ден на дијабетесот.

Посочи дека секојдневно се соочени не само со пациенти со дијабетес, туку и со голем број комликации (на срцето и големите крвни садови, бубрезите, оштетување на видот) кои ги носи болеста.

– Наша основна стратешка определба е да помогнеме што порано да може да се детектира дијабетесот за навреме да почнеме со адекватна и навремена терапија, а со тоа и да ги намалиме компликациите кои болеста ги носи. На ниво на примарното здравство се спроведува и систематски скрининг на лицата кои се во ризични категории (возраста, дебелината и недоволната физичка активност) да развијат дијабетес. Матичниот лекар треба да укаже категоријата која е во ризик задолжително да направи скрининг тест за откривање дијабетес, потенцира Јовановска Мишевска.

Додаде дека 75 проценти од здравствените фондови се трошат за компликациите од дијабетесот и очекуваат дека со промовирање здрав начин на исхрана, со намалување на факторите за ризик кои доведуваат до развој на дијабетесот ќе успееме и да ги намалиме компликациите.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев ја истакна нивната целосна посветеност во обезбедувањето квалитетна инсулинска терапија за лекување на болните од дијабетес. Во тек е тендерската постапка за обезбедување на годишните количини на инсулинска терапија за болните и воведување три нови типови инсулин од најнова генерација меѓу кои еден е за деца до 14 години, а тоа е Тресибата.

– Во Македонија 500 деца на возраст до 14 години се заболени од дијабетес. Следен чекор е обезбедувањето сензорни мерачи на шеќер во крвта што ќе помогне во контролата на гликемијата кај децата и кај бремените жени кои го имаат гестацискиот дијабетес. Министерството за здравство од оваа година го укина паралелниот увоз на инсулинот со што ќе обезбедиме квалитетен инсулин, бидејќи имавме одредени сомнежи и во квалитетот и транспортот на инсулинот до веледрогериите околу обезбедувањето на ладниот ланец, додаде Милошев.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Бојан Киров истакна дека ќе има инсулини со проверени сертификати од оргинаторните компании.

– Од јануари ќе почне испораката на новите глукометри (апарати за мерење шеќер во крвта) и новите ленти за нив. Дијабетичарите ќе можат да бидат сигурни во точноста на резултатите од мерењето со тие апарати. Се проширува листата на инсулини. Инсулинската криза заврши летоска и оттогаш нема недостиг. Со новиот тендер за набавка на инсулин, кој е при крај, добивме ветување од Министерството за здравство дека дистрибутерите ќе бидат обврзани покрај тековните месечни количини што треба да бидат дистрибуирани, во секое време да има еден месец резерва на сите видови инсулин, додаде Киров.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.

Драма во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата

Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор.

42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“.

Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот.

Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник:

„Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“

„Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“

Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре.

Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата.

Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија.

„Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој.

Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“

„Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“

Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.

На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев

Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ.

Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост.

Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници.

Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков.

Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција.

Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас.

Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост.

Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата

По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување.

Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата.

Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост.

Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки.

Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот.

Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба

Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри.

Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата.

Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи.

Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот.

Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот.

Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември.

Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата.

Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада.

Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. 

Шокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина.

Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“.

Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди.

Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел.

Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки.

Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер