Во понеделник во „Само вистина“ ќе гостуваат Радмила Шекеринска и Александар Николоски

Корона вирусот ја "замагли" радоста за влегување во НАТО, но што за Македонија значи седнување на 30-тото столче во корона-криза?

Дами и господа понеделник е денот "Д" кој што сите со нетрпение го очекуваме, аргументите на власта и на опозицијата кој и зошто треба да "седне" на престолот на Илинденска, во најгледаната политичка емисија Само Вистина, ќе го соочат Радмила Шекеринска од СДСМ и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Корона вирусот ја "замагли" радоста за влегување во НАТО, но што за Македонија значи седнување на 30-тото столче во корона-криза?

Олабавување на мерките „скапо“ не' чини, како на летаргичните граѓани да им се објасни колкава е цената на здравјето?

Ќе биде ли 2020 година на "протоколи"?

Се задолживме кај Светска, кај ММФ и кај Европската Банка, колку значат 9000 денари и дали економската стратегија ќе ни ја живне економијата?

"Врапчињата" од СДСМ или тие од ВМРО-ДПМНЕ, му шепнува ли некој на ДУИ дека е време Македонија да добие премиер од нивните редови, ги "инфицира" ли вирусот и ниските меѓуетнички "страсти"?

До каде се реформските процеси кои што ни ја држат "рачната" во европската чекална?

Кој ќе ги убеди граѓаните дека има "ас" во ракавот да ја води битката со ковид-19, во Само Вистина гледајте го дуелот на неделата Радмила Шекеринска и Александар Николовски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Макрон на крајот од месецов во државна посета на Германија

Францускиот претседател Емануел Макрон од 26 до 28 мај ќе престојува во државна посета на Германија која ќе биде во контекст на европската соработка, со планирани посети на Берлин, Дрезден и Минстер, соопшти денеска германското претседателство.

Посетата, која е прва на француски претседател во последните 24 години, ќе се реализира непосредно пред изборите за Европскиот парламент (6 до 9 јуни) и почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, и Олимписките игри во Париз кои следат веднаш потоа.

Францускиот претседател редовно се среќава со германскиот канцелар Олаф Шолц во Париз или Берлин, додека оваа државна посета, најважна во протоколарната хиерархија, ја организира германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Емануел и Брижит Макрон ќе бидат пречекани со воени почести во палатата Белви во Берлин, резиденцијата на германскиот претседател, а потоа ќе присуствуваат на „прославата на демократијата“ по повод 75-годишнината од германскиот Основен закон и 35 години од мирната револуција во 1989 година што доведе до повторно обединување на двете Германија.

Со потпишувањето на Основниот закон на 23 мај 1949 година е основана Сојузна Република Германија.

Вториот и третиот ден од посетата ќе бидат во Дрезден и Минстер, каде што ќе разговараат за „заедничките предизвици на кои Франција и Германија можат да дадат заеднички одговори во Европа, на полето на технолошките иновации и конкурентност или на теми за мир и безбедност на континентот“, се наведува во соопштението.

Претседателот Макрон ќе биде единствениот странски гостин на годишнината од основањето на Сојузна Република Германија, на барање на претседателот Штајнмаер кој сака „да ја нагласи уникатната вредност на француско-германското пријателство“. /МИА

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

притисни ентер