Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
1Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаВо понеделник седница на ЕСС – минималната плата една од темите за разговор Минималната плата и владината потрошувачка кошничка – ова според најавите ќе бидат едни од главните теми на седницата на економско социјалниот совет закажана за в понеделник. Од влада остануваат на ставот дека договор за повисок минималец мора да се постигне помеѓу синдикатите и работодавачите, а тие доколку има ќе поддржат било какво решение, во спротивно, заменик министерот за економија Марјан Ристески вели зголемувањето на минималецот в март следната година, ќе биде согласно закон по важечката формула. „Доколку се догворат работодавачите со синдикатите тоа што ќе договорат Влада ќе испочтува. Се додека не се договорат важи Законот за минимална плата и формулата е многу добро позната. Тој зкаон е донесен со еден општ консензус на сите три страни во социјалниот дијалог и, како таков, мора да се почитува. Секоја одлука која понатаму треба да се носи, исто така, треба да биде донесена со консензус на сите три страни....“ - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд. Од бизнис - конфедерацијата велат секогаш е потребно да се зголемува платата, но тоа треба да го прават оние кои реално можат, бидејќи оценуваат дека економијата не есекаде е подеднакво развиена.... Тие како бизнис сектор предлагаат зголемување на платите но придонесите да останат на исто ниво како и досега.... „Очекуваме барем дел од нашиот предлог да биде прифатен а тоа е доколку има можност да не говороиме за субвенции по основ на придоенси, може да збориме за олеснување кои истот така ќе значат многу за платата така да и работодавачите и владата има шанси да помогнеме за подобар животен стнаард.....“ - Миле Бошков – извршен претседател на Бизнис конфедерација на Македонија. Дали синадикатите и работотадавачите ќе успеат да се договорат останува отворено прашање. Од Конфедерацијата на слободни сикдикати велат на состанокот в понеделник ќе треба да се отворат многу прашања... „Ќе разговараме за минималната потрошувачка кошница, од другиот синдикат од ССМ најавуваат за минималната плата. Но има и работи кои што треба да ги разговараме во делот на покачувањето на оние работници во јавниот сектор кој што остнаа на оние плати од пред година ипол... мислам дека ќе се најде заендички јазик за да им се помогне на сите....“ - Благоја Ралповски – претседател на КСС. Последно од ССМ поради, како што посочија растот на трошоците за живот, новиниот предлог до Владата на следницата на ЕСС ќе биде минимална плата од 600 евра. Нивните премесметки покажуваат дека на едно 4 члено семејство за оснонвите потреби месечно му се потребни околу 65 илјади денари.... а статистика измери инфлација од 4 % во месец ноември. Тагови: минимална плата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, АлбанијаСпоред статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки. Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра. ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата. „Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат. Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија. Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот во кавадаречко активен, се очекува до крајот на денот да биде изгаснатСè уште трае борбата со огнената стихија во Кавадаречко. Иако дел од пожарите се значително намалени, пожарот што изминатите денови гореше на потегот Раец-Дреново-Ќесендре е ставен под контрола,а надлежните очекуваат до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Дополнителен проблем претставуваат и двете нови жаришта кај Камен Дол и меѓу селата Цирково и Манастирец, каде што постои опасност огнот да прерасне во пожар од големи размери. Гори сувата вегетација, грмушки и дрва а високите температури и ветерот создаваат услови за брзо ширење на пламенот и појава на нови жаришта. На терен се ангажирани пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумското стопанство. Во гаснењето се вклучени сите расположливи ресурси на Општина Кавадарци, а значајна помош дава и локалното население. Како превентивна мерка за заштита на жителите и на учесниците во интервенцијата, во селото Дреново се стационирани две амбулантни возила со лекар, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. „Од утрово имаме голема екипа на терен, уште од 5 часот наутро. Од територијалната противпожарна единица Неготино имаме четири пожарникари со едно возило. Имаме три „ер-трактори“ од ДЗС. Од ОВР Кавадарци имаме 10 полицајци со теренски возила кои им помагаат на нашите пожарникари. Имаме 12 пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кавадарци со пет противпожарни возила. Со ваква координирана акција целиот обрач на пожарот е опфатен и сите елементарни загрозувања се елиминираат“, изјави Јанчев. Со порастот на дневните температури и засилениот ветер постои ризик од повторно активирање на жариштата, предупредува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Овој пожар е тежок за гаснење. Станува збор за комплексен пожар кој се одвива на тешко пристапен терен, обраснат со густи грмушки и трње, што го отежнува движењето на пешадијата. Зад нас има многу стрмни ридови. Гореше голема пожарна линија, па неговото гаснење мораше да се изведува на малку поспецифичен начин. Градоначалникот Јанчев покажа школски пример како треба да се гаси еден ваков пожар“, изјави Ангелов. Надлежните апелираат граѓаните да не се приближуваат до опожарените подрачја и да не ги блокираат пристапните патишта по кои се движат противпожарните и другите службени возила. Секој нов пожар, појава на чад или сомнително однесување треба веднаш да се пријави на единствениот број за итни повици 112. До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најкритичните часови допрва следуваат. Со растот на дневните температури и засилувањето на ветерот се зголемува и опасноста од повторно активирање на недогаснатите жаришта, посочуваат надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook