Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
2Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураВо понеделник самостојна изложба на Орце Нинески, насловена „Табли“Во Културно Информативниот Центар - Скопје, во салонот Империјал 1, на денот на Ослободувањето на градот, 13-ти Ноември, предвидена е самостојна изложба на авторот Орце Нинески, која ќе трае до 20-ти ноември.Отварањето на изложбата е планирано за 20 часот, а на неа, преку 20-тина платна со различен формат, ќе бидат презентирани актуелните преокупации на авторот. Во предговорот за изложбата, Владимир Величковски, еден од врвните македонски ликовни критичари, за овој уметник, напиша: „Орце Нинески се претставува со нов циклус слики насловени - едноставно ‚Табли', изработени во последните неколку години. Во сликите доминираат рамни форми и рамен простор, широки хроматски површини распоредени јасно и прегледно, со прецизен цртеж кој ги определува мирните и складни површини. Таквите рамни површини со ‚стерилизирана' чистота се распоредени во статичен ритам, по хоризонтала или вертикално поставено платно, некаде ‚кубистички' расчленети (сродни на некои платна на Хуан Грис) или илузионистички насликани минијатурни предметни мотиви. Малите геометриски ликови, со ефект на предзнаковна декоративност им даваат извесна живост на мирните површини, упатувајќи на афинитетот на Нинески за сликарството на Паул Кле, но исто така и на апстрактниот пејзажизам на Марк Ротко. Изложените слики, изработени со акрилни бои, се компонирани од едноставни елементи и меки геометризирани форми, кои во основа се независни од појдовните објективни референци (или предметни идентификации) на ‚затскриениот' иконопис на масата за конзервација. Како настанува една слика? Тоа е емоција, но и тајна. Пикасо вели: Апстрактната уметност е самото сликање. И додава: Апстрактна уметност не постои. Човекот секогаш мора од нешто да почне. Потоа може да се тргне секоја сличност со стварноста; повеќе нема никаква опасност откако идејата на предметот оставила неизбришлива трага. Предметот е тој кој го возбудува уметникот, ги поттикнал неговите идеи и ги возбудил неговите чувства. Нинески ќе посведочи дека почнува со спонтано нанесување на различни слоеви боја и постепено, со разни измени ја гради прегледната строга композиција. Цртежот, во сите фази, е основа на создавањето на сликата. Нинески бара ред и хармонија на јасни форми и топол хроматизам, креативно поврзување на модернизмот, кој е базиран на рамнината кој поттикна нова точка на гледање, од која и предметните слики се гледаат непредметно и на традицијата (инспиративниот апстрактно-симболичен идиом на средновековниот иконопис и фреско-живопис), дискретно и приемчиво, еден вид апстрактно-надреален ‚попартизам'“. Орце Нинески во последните неколку години, паралелно со сликарството, активно се занимава со изработка на илустрации за сликовници за деца успешно соработувајќи со издавачот Арс Ламина – публикации, за едицијата Нови бајки од Македонија и Љубов на прв збор со публикациите „Сончевото момче Ил“, „Океанија“ и „Коњчето од рингишпилот“. Инаку Орце Нинески е роден во 1978 година во Скопје. Има завршено историја на уметност со археологија на Филозофскиот факулет во Скопје. На истиот факултет има и магистрирано Историја на модерна уметност. До 2017 година работи во Музејот на Македонија како кустос по фрескоживопис, по што целосно се посветува на сликарство. Неговото обемно дело поделено во повеќе циклуси е присутно во голем број колекции кај нас и во странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПолета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата. Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час. Тагови: електричен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00