Во понеделник неформална средба МНР на ЕУ за конфликтот на Блискиот Исток

Во понеделник неформална средба министрите за надворешни работи на ЕУ за конфликтот на Блискиот Исток.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жосеп Борел за понеделник вечер закажа неформален видеоконференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата на кој ќе ги информира за резултатите од неговата петдневна турнеја низ Блискиот Исток, најави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- На министрите ќе им се обрати и саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал за да ги информира за двете многу значајни претстојни средби на Организацијата на исламската конференција и на Лигата на арапските земји во Ријад, истакна Стано.

Борел вчера ја започна својата блискоисточна турнеја во чии рамки до понеделник ќе ги посети Израел, палестинските автономни територии, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан.

Стано истакна дека на вчерашни и денешните средби „во Израел и Рамалах“, Борел ги пренесува ставовите и загриженоста на ЕУ за случувањата на теренот и нејзините очекување, но и ги слуша ставовите на своите соговорници.

- Ги слушаме и Израелците и Палестинците, затоа што тие се наши партнери и пријатели. Кога велам Палестинците се наши партнери, не мислам на Хамас. Хамас не го претставува палестинскиот народ, порача Стано.

[Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Питер Стано изјави дека бриселските институции „ги забележале“ извештаите за тоа дека Министерството за одбрана на Русија има намера да отвори канцеларија]

Тој додаде дека случувањата во Газа и прашањето за страдањето на цивилното население се високо на агендата на ЕУ, но таа исто така работи и на прекин на ракетните напади на Хамас и останатите терористи врз Израел и повикува на итно и безусловно ослободување на заложниците.

Стано потенцира дека ЕУ разговара со своите партнери и за чекорите што би се презеле по завршувањето на израелската операција и за постконфликтниот период во Газа.

- Дел од тие дискусии се однесуваат и на тоа како ќе биде управувана Газа, како ќе се спроведува безбедноста. Но, засега не е донесена никаква одлука, се разговара и се разменуваат мислења, изјави Стано, додавајќи дека не може да даде повеќе детали за разговорите.

Според него, во моментов приоритет е да дојде до прекин на насилствата и на страдањето на луѓето и од израелска и палестинска страна и да започне обнова за политичкиот процес за решавање на конфликтот според моделот на две држави. /МИА

Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. 

Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.

Пролонгирана исплатата на европски пари за Хрватска

Владата на Хрватска побара одложување на исплатата на 835,6 милиони евра од Механизмот за заздравување и отпорност, бидејќи сè уште не е донесена законската рамка која треба да ја редефинира и подобри работата на државните компании.

Хрватската Влада упати барање за исплата на 20 декември, но по барањето за одложување средствата ќе бидат исплатени во март.

Шестата транша според Механизмот требаше да изнесува 835,6 милиони евра и да послужи за исполнување на 26-те фази и реформски цели предвидени во Националниот план за закрепнување и отпорност. Хрватска досега повлече речиси 63 отсто од средствата од грантот, а вкупната сума се планира да биде 10 милијарди евра. Ова финансирање трае до 2026 година.

Нема причина за загриженост. И други земји-членки, исто така, претходно побараа одложувања. Владата има доволно време да ја усвои законската рамка во грејс периодот. Нацрт-правната рамка е на консултација со јавноста и очекуваме да биде усвоена до март, изјавија претставници на Европската комисија

Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови

Австралискиот новинар Тони Џонс им се извини на Новак Ѓоковиќ и на фановите на Србинот за коментарите што ги даде на телевизија во петокот, а кои десеткратниот шампион на Австралија опен ги оцени како „навредливи“.

Ѓоковиќ одби да го даде своето вообичаено интервју на теренот по неговата победа во четвртото коло над Чехот Јиржи Лехечка во неделата, чекајќи јавно извинување од Џонс и официјалниот преносител на турнирот во Мелбурн, „Канал 9“.

Џонс се потсмеваше на Ѓоковиќ и српските навивачи кои се собраа пред кабината за пренос на „Канал 9“, велејќи дека 24-кратниот Гренд слем шампион е „преценет“ и „минато“.

Во денешното интервју за каналот, Џонс рече дека коментарите ги смета за „шега“ и веднаш му се извини на „штабот на Ѓоковиќ“ откако сфати дека тие не се прифатени со смисла за хумор.

-Се извинувам на Новак и на српските навивачи. Ние изградивме добри односи со српските навивачи со текот на годините... имаше мајтапење и мислев дека тоа што го правам е продолжение на тие шеги. Сосема е јасно дека ова не беше така протолкувано. Се чувствувам како да ги разочарав српските навивачи, прокоментира новинарот.

Џонс рече дека единствениот коментар за кој особено зажалил е „избркајте го“, што тој прифатил дека може да се толкува како упатување на депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија затоа што не бил вакциниран против КОВИД-19 на почетокот на 2022 година.

-Тоа го налути Новак, што сега целосно го разбирам. Тоа беше непријатна ситуација, додаде тој.

Седмиот носител Ѓоковиќ во вторник во четвртфиналето игра против светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз.

притисни ентер