УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата
1УЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијата
3Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
КултураВо Помпеја најдени зачувани тела од загинати во ерупцијата во 79 годинаАрхеолозите откриле одлично зачувани остатоци од двајца мажи кои починале во ерупцијата на Везув во 79 година.Тоа е една од најпознатите вулкански ерупции во историјата, во која бил уништен римскиот град Помпеја. Ерупцијата ги погодила античките Римјани во градот во подножјето на планината Везув целосно неподготвени, па многумина останале скаменети од лавата што ги прекрила. Речиси 2000 години подоцна, поради сето ова, Помпеја стана едно од најважните археолошки места во историјата. Остатоците се пронајдени во Цивита Џулијана, 700 метри северозападно од центарот на античка Помпеја, во подземната просторија на голема вила каде се во тек археолошки истражувања. Еден од нив веројатно бил со повисок социјален статус и бил на возраст меѓу 30 и 40 години. Под вратата, археолозите пронашле остатоци од волнена наметка. Другиот човек, веројатно на возраст од 18 до 23 години, бил облечен во туника и имал неколку оштетени пршлени, што укажува на тоа дека бил роб и работел напорна работа. Забите и коските на мажите биле добро сочувани, а празнините на коските најпрво биле пополнети од експерти со зацврстен малтер, а потоа биле ископани за да се спречи нивното кршење. „Овие две жртви веројатно се обидувале да побараат засолниште околу 9 часот наутро кога ги пеплосал пирокластичниот бран“, рече Масимо Осана, директор на археолошкиот локалитет. „Тие починале од ефектите на термички шок, како што укажуваат нивните стегнати нозе и раце. Министерот за култура Дарио Франческини рече дека откритието го истакнува статусот на Помпеја како „неверојатно место за истражување “. Во времето на вулканската ерупција во Помпеја во 79 година н.е., имало околу 13 000 жители. Остатоците од градот биле откриени дури во 16 век, а организираните ископувања започнале околу 1750 година. Но, неодамна, вниманието е насочено кон обидот да се запре распаѓањето и пропаѓањето на вредните урнатини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУЈП: Над 35.000 незавршени регистрации во е-даночни услуги, граѓаните да ја комплетираат регистрацијатаНад 35.000 граѓани не ја завршиле постапката за регистрација во системот е-даночни услуги, поради што УЈП ги повикува граѓаните да ја комплетираат регистрацијата.Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на УЈП преку електронската пошта [email protected] се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување. Доколку сте дел од овие граѓани ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да ви ја одобри регистрацијата, велат од УЈП.. Од даночната управа потенцираат дека е важно граѓанинот да има валиден и активен кориснички профил во системот е-даночни услуги, бидејќи преку него се овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги, увид во податоците од годишната даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП, како и издавање на уверение за остварен доход, но и користење на податоци што ујп ги доставува до други институции, при остварување различни права на граѓаните. За да се скенираат фискални сметки преку апликацијата мојддв потребно е граѓанинот да има кориснички профил во системот е-даночни услуги, за да може да се реализира законското право за повратот на ддв-то, наведува УЈП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
МакедонијаАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена водаЗдравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизацијаОпозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија. Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат. Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат. Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter