Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
КошаркаВо Полска се формира „зомби влада“, се очекува да трае 14 дена Полскиот претседател Анджеј Дуда официјално го назначи актуелниот премиер Матеуш Моравјецки (ПиС) за претставник на новата влада. Иако премиерот веќе презентираше министерски решенија, се предвидува дека владата ќе има рок од 14 дена.Моравјецки и неговата партија Право и правда (ПиС) загубија на општите избори на 15 октомври од коалицијата на опозициските партии предводена од Доналд Туск. Иако ПиС е најголемата група во новото свикување на Парламентот со 191 пратеник, опозициските партии имаат вкупно 248 пратеници, што е доволно за формирање влада. Сепак, претседателот на Полска, кој е наклонет кон ПиС, инсистираше на Моравјецки да му се даде можност да се обиде да формира влада. „Го исполнуваме уставниот обичај назначувајќи влада што ја претставува групацијата што победи на парламентарните избори. Со радост гледам на премиерот и министрите“, рече Дуда за време на церемонијата во понеделникот. Меѓутоа, претседателите на Горниот и Долниот дом на Парламентот, кои не се појавија на церемонијата, покажаа дека именувањето на Дуда всушност било фарса. По формирањето на владата, Моравјецки има рок од две недели да се обиде да ја добие довербата од Парламентот за владината програма. Ако тоа не успее, тогаш Парламентот ќе може да избере кандидат за премиер, улога која најверојатно ќе му припадне на Доналд Туск. „Владата на премиерот Доналд Туск, во смисла на структура, е 100 отсто завршена“, изјави еден од членовите на Граѓанската коалиција на Туск. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКрива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравитеПовеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните. „Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест. „Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи. По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот. Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени. Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44