МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
2МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ЖивотВо подморницата што се спушташе до „Титаник“ има кислород за помалку од 70 часаВо тек е голема операција за пребарување и спасување во Атлантскиот Океан, откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“.Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет лица во неа. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон. Билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на „Титаник“ и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250 илјади долари. Меѓу петте лица во подморницата е и богатиот британски милијардер, бизнисменот Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Екшн Авиеишн“ (Action Aviation), пренесуваат агенциите. Хардинг неодамна на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од тимот. -Екипажот на подморницата се состои од неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС „Титаник“ од 1980-тите, напиша Хардинг во објавата. Американската крајбрежна стража соопшти дека трага по пет лица откако канадскиот истражувачки брод „Полар Принц“ (Polar Prince) изгубил контакт со подморницата за време на неговото нуркање. Подморницата со која беше изгубен контакт во неделата треба да има четиридневно снабдување со кислород. „На подморницата можеби и останале помалку од 70 часа кислород, изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража. Компанијата што го организира патувањето, „Оушн Гејт Експедишнс“ (OceanGate Expeditions) посочи дека ги истражува и ги мобилизира сите опции за да обезбеди безбедно враќање на екипажот. На својата веб-страница „Оушн Гејт Експедишнс“ наведува дека мисијата за посета на „Титаник“ е во тек од 12 до 20 јуни. Подморницата е дизајнирана да може да однесе пет лица на длабочина од четири илјади метри, а под вода може да останат 96 часа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАндраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на УнгаријаУнгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан. Тагови: Андраш Бака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00