3СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница
СветВо Пјонгјанг Ким Џонг Ун домаќин на кинескиот претседател Си ЏинпингКина и Северна Кореја го зајакнуваат својот сојуз.Кинескиот претседател Си Џинпинг денес отпатува во Пјонгјанг во прва посета на Северна Кореја од 2019 година, објавија кинеските државни медиуми. 🇨🇳🇰🇵 Chinese President Xi Jinping arrived in North Korea for a two-day official visit. He was accompanied by his wife, Peng Liyuan. Kim Jong Un and his wife welcomed the guests at the airport. pic.twitter.com/jS6XcAW6nj — China pulse 🇨🇳 (@Eng_china5) June 8, 2026 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му приреди церемонијален пречек на кинескиот претседател на аеродромот во Пјонгјанг со воени почести и транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Да живее нераскинливото пријателство меѓу Северна Кореја и Кина“, јавува новинската агенција Синхуа. ⚡️🇨🇳🇰🇵 — Chinese President Xi Jinping, accompanied by his wife Peng Liyuan and a high-level delegation including Foreign Minister Wang Yi, arrived in Pyongyang for a two-day state visit, marking the first visit by a Chinese president in seven years, according to Xinhua. ➡️ Xi… pic.twitter.com/nB7wxBwG3s — MaxOsint Intel (@maxosintintel) June 8, 2026 Кинескиот лидер рече дека односите меѓу Кина и Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) се на нова историска почетна точка и се соочуваат со нови можности и предизвици за развој. Истакнувајќи дека одржувањето, консолидирањето и развојот на односите меѓу Кина и Северна Кореја отсекогаш била непоколеблива политика на КПК и кинеската влада, Си рече дека Кина е подготвена да соработува со Северна Кореја за водење на билатералните односи и за одржување на односите меѓу Кина и Северна Кореја во чекор со предизвиците на времето.Тагови: Кина Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
БалканПедофил од Србија снимал голи деца на плажа во Хрватска- го фатил обезбедувачИстарската полиција заврши кривична истрага против 29-годишен државјанин на Србија, кого го сомничат за кривично дело експлоатација на деца за порнографија.Мажот бил фатен како тајно снима голи деца со мобилен телефон во туристички објект во Истра, по што бил уапсен, објави Индекс. Инцидентот се случил на 25 јуни околу 17:30 часот, кога вработен во компанија за обезбедување го забележал српскиот државјанин како тајно снима деца. Веднаш го привел и ја повикал полицијата. Пронајдена е инкриминирачка содржина За време на кривичната истрага, полицијата ги пронашла контроверзните снимки. Вечерта на 26 јуни, мажот бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра, заедно со кривична пријава. Против него е покрената и постапка согласно одредбите од Законот за странци. Полицијата наведува дека ваквите случаи покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимање деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена реакција и апсење на педофилот. Во исто време, тие апелираат до родителите да ги следат своите деца, да следат каде се и што прават на плажа и да ги облечат во костими за капење. Доколку видат сомнително лице кое снима деца, се повикуваат веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: педофилот србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРенџ Ровер е запален во центарот на СкопјеНа 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки.На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаСДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на границаДодека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата.Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот. Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца. Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите. Оваа изолација не е случајна. Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност. Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии. СДСМ уште еднаш повторува: Изолацијата на Македонија не е патриотизам!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter