Во Пиреја е блокирано оружјето за Израел, што пристигнало со камион од Македонија (ВИДЕО) - Канал 5

Во Пиреја е блокирано оружјето за Израел, што пристигнало со камион од Македонија (ВИДЕО)

Десетици пристанишни работници во Пиреја го блокирале товарењето на контејнери со муниција за Израел во знак на протест против војната во Појасот Газа, изјавија денеска претставници на синдикатот и крајбрежната стража за Ројтерс.

Во Пиреја е блокирано оружјето за Израел, што пристигнало со камион од Македонија (ВИДЕО)

Во контејнерот имало 21 тон муниција, а во Пиреја пристигнала вчера, за Ројтерс изјавил синдикалец кој сакал да остане анонимен.

Товарот бил донесен со камион од Македонија, а требало да биде натоварен на брод кој плови под знамето на Маршалските Острови и да биде пренесен во Израел.

„Време е да се извика гласно дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане отскочна даска за војната“, објави синдикатот на пристанишните работници на Фејсбук. „Се бориме за мир... Ние велиме „не“ за учеството на Грција во војната!

„Убијци, напуштете го пристаништето!“ е слоганот со кој го испрскале камионот, според фотографиите објавени на Фејсбук.

Грција го поддржува правото на Израел да се брани во конфликтот со Хамас во Појасот Газа, но повикува на итен прекин на огнот за да се стави крај на, како што вели, „незамисливата хуманитарна катастрофа“ во палестинската енклава.

YouTube video

Товарниот камион е кај пристанишните власти и е отворена истрага за инцидентот. По лидерот на синдикатот е издаден налог за апсење, изјави претставник на крајбрежната стража. Контејнерот имал важечка транзитна дозвола, изјави друг претставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА со ново правило: Домаќините на Еуро 2028. ќе мора да поминат низ квалификации

Англија е еден од домаќините на Европското првенство во 2028 година, но и покрај ова, не им е загарантирано место на турнирот. 

УЕФА со ново правило: Домаќините на Еуро 2028. ќе мора да поминат низ квалификации

Ваквата одлука на УЕФА предизвикува дискусии, особено во споредба со ситуацијата на Аргентина пред Светското првенство во 2030 година, пишува goal.com.

Англија преку квалификациите, Јужноамериканците директно

Додека репрезентацијата на Англија мора да ги помине квалификациите за учество на првенството, кое делумно се игра на нејзина територија, Аргентина веќе обезбеди учество на Светското првенство во 2030 година само затоа што ќе биде домаќин на еден натпревар.

Според британскиот весник The Sun, одлуката доаѓа откако милиони навивачи потпишаа петиција за забрана на Аргентина од следните натпреварувања по Светското првенство во 2022 година во Катар. Наместо тоа, на Аргентина ѝ беше загарантирано место четири години однапред.

Главни организатори на СП 2030 се Шпанија, Португалија и Мароко и тие се директно пласирани. ФИФА автоматски ги пласираше Аргентина, Уругвај и Парагвај, бидејќи секоја од тие земји ќе игра по еден натпревар како дел од одбележувањето на стогодишнината од натпреварувањето.

Квалификациски пат за Евро 2028.

Затоа, Англија сè уште не има загарантирано место на Евро 2028, кое го организира заедно со Шкотска, Велс и Република Ирска. 24 репрезентации ќе учествуваат на турнирот, а натпреварите во Англија ќе се играат на Вембли, Тотенхем Хотспур, Етихад, новиот стадион на Евертон, Сент Џејмс Парк и Вила Парк.

Иако домаќините на големите натпреварувања обично имаат директни квалификации, како што е случајот со САД, Канада и Мексико за Светското првенство во 2026 година, УЕФА воведе нови правила. Според новиот систем, сите 55 европски репрезентации, вклучувајќи го и домаќинот, учествуваат во квалификациите. Тие ќе бидат поделени во 12 групи со четири или пет екипи.

Единственото олеснување за домаќините е што не можат да бидат извлечени во истата квалификациска група. Победниците на групите и осумте најдобри второпласирани екипи, вкупно 20 од нив, ќе продолжат директно на првенството.

Резервирани места за домаќините

Сепак, УЕФА обезбеди заштитна мерка за домаќините. Две од преостанатите четири места на турнирот се резервирани за домаќините кои не успеваат да ги поминат квалификациите. Во пракса, ова значи дека настапот на Англија е речиси сигурен. На пример, ако барем еден од другите домаќини се квалификува преку регуларниот пат, Англија ќе добие место дури и ако не заврши на едно од првите две места во својата група.

Во случај три или четири домаќини да не се квалификуваат, тие две резервирани места ќе им бидат доделени на двете најдобро рангирани репрезентации меѓу нив. Евентуалниот неуспех на Англија во квалификациската група би покренал прашања за силата на тимот, кој се смета за еден од најсилните во светот, но нивниот настап на домашното Евро не е реално загрозен.

Одлуката на ФИФА да ѝ додели на Аргентина директна квалификација на Светското првенство во 2030 година, и покрај критиките за однесувањето на националниот тим, останува предмет на дебата во фудбалскиот свет. Целата ситуација станува уште поизразена кога ќе се спореди со строгите услови за квалификација што УЕФА ги постави пред Англија за турнирот на кој е еден од главните домаќини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготвува нови правила за принципот на ставање вето по одлуката на Грција, во Брисел го изгубија трпението

Европската Унија разгледува начини да им даде на земјите-членки помалку моќ да го користат своето вето во преговорите.

ЕУ подготвува нови правила за принципот на ставање вето по одлуката на Грција, во Брисел го изгубија трпението

Европската Унија разгледува начини да им даде на земјите-членки помалку моќ да го користат своето вето во преговорите, откако Грција со недели го блокираше 21-от пакет санкции кон Русија, барајќи исклучок за бродовите на Динагас, објавува Фајненшл тајмс (FT).

Атина со недели бараше исклучок од санкциите за бродовите на Динагас за да можат да продолжат да транспортираат профитабилен руски течен природен гас (LNG), а ова беше услов што Грција го постави за да се согласи на низа други мерки насочени кон финансискиот систем на Русија и приходите од извоз на нафта.

Според весникот, тројца функционери изјавија дека во моментов се работи на наоѓање начини за ограничување на оваа тактика, која станува сè почеста во преговорите за санкции на ЕУ, бидејќи земјите-членки се стремат да ги заштитат компаниите што продолжуваат да работат со Русија.

Една идеја што добива поддршка, и во рамките на Европската комисија и меѓу земјите-членки што најсилно ја поддржуваат Украина, е да се усвојат и спроведат санкции поединечно, или во помали тематски групи, наместо да се стремат кон големи пакети што служат за односи со јавноста, објавува Фајненшл тајмс (FT).

Функционерите истакнаа дека ова би го намалило ризикот од одложување на мерките поради национални вета.

„Ова би можел да биде последниот „пакет“ санкции. Сега е сосема јасно дека овој пристап повеќе не функционира“, рече еден функционер, осврнувајќи се на мерките што конечно беа договорени во четврток по неколку недели грчка опструкција.

ЕУ усвои 21 пакет санкции против Русија од февруари 2022 година, применувајќи политика на групирање на мерките и нивно усвојување заедно со едногласна поддршка од сите 27 земји-членки.

Сепак, ова сè повеќе доведе до ситуации во кои националните вета на поединечни мерки блокираа други, неповрзани ограничувања што имаа целосна поддршка од сите членки, забележува весникот.

Ова беше најдраматично демонстрирано минатата недела, кога Грција одби да го одобри најновиот сет мерки сè додека другите членки на ЕУ не се согласија да му дадат на Динагас, во сопственост на милијардерот Џорџ Прокопио, ослободување од санкција што не е директно поврзана со пакетот, а која би го забранила транспортот на руски течен природен гас (ЛНГ) во земји надвор од ЕУ од јануари 2027 година.

Успехот на Грција во обезбедувањето на ослободувањето, што ќе овозможи продолжување на испораките, е прв пат целокупниот пакет економски санкции на ЕУ против Русија да биде ослабен, според ФТ.

Неколку дипломати во Брисел вклучени во преговорите ја опишаа тактиката како „скандалозна“.

Грчки претставници изјавија дека забраната за течен природен гас (ЛНГ) е договорена по грешка, за да му наштети на Динагас, а не на руската економија, и да им користи на конкурентските бродосопственици од Кина или други земји кои не се членки на ЕУ.

Застапниците на новиот пристап со санкции тврдат дека Советот на земјите-членки на ЕУ би можел брзо да усвои силни и ефикасни мерки, без вниманието на јавноста што го привлекува пристапот „пакет“.

Секое поединечно приговорување нема да ги попречи или одложи другите санкции.

Портпаролот на Европската комисија одби да коментира за прашањето за промена на стратегијата за санкции, објави весникот.

„Сепак, вреди да се напомене дека по 21 пакет санкции од ваков обем од почетокот на војната, Русија е изложена на голем број казнени мерки што вршат значителен притисок врз неа“, додаде портпаролот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На крадец му паднало ливче со името и телефонскиот број- карабиниерите експресно го уапсиле

Карабинерите во италијанскиот град Ботричело, во близина на Катанцаро, го открија и уапсија сторителот на две кражби, откако пронајдоа ливче со целосно име и телефонски број што невнимателниот крадец го испуштил од џебот.

На крадец му паднало ливче со името и телефонскиот број- карабиниерите експресно го уапсиле

Благодарение на ова, властите успеаја да го пронајдат 35-годишниот маж од Исола ди Капо Рицуто, кој претходно му бил познат на законот.

Движење во центарот на градот

Полицијата ги реконструираше движењата на мажот за време на неговите рации во центарот на Ботричело, јавуваат локалните медиуми.

Во првиот случај, крадецот влегол во продавница за облека и, под изговор дека прашува за одело за младоженецот, го одвлекол вниманието на сопственикот, а потоа украл чантата на купувачот во која имало околу 200 евра и лични работи.

Кратко потоа, тој провалил во блиската месарница со насилно отворање на влезната врата и, како што е осомничено, украл 30 евра во готово од касата.

Пронајден телефон и дрога

Клучна почетна трага беше пронајдена во продавница до бутик за облека, а тоа беше парче хартија со целосно име и телефонски број што крадецот го испуштил од џебот додека бегал од местото на првата кражба, што беше потврдено со преглед на снимките од надзорните камери.

Во врска со кражбата на 30 евра од месарница, карабиниерите пронашле телефон и мала количина хашиш на маса пред објектот. Со споредување на снимките од различни системи за надзор, беше потврдено дека лицето на снимката всушност е сторителот на двете кражби.

Анализата на пронајдениот телефон овозможи конечна идентификација на крадецот, кој беше пријавен во Обвинителството во Катанцаро за кривично дело кражба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер