Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“ - Канал 5

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“

Со настан во НУ „Музеј на македонската борба“ – Скопје денеска започнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура: „Проекти за соработка“.

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“

Со настан во НУ „Музеј на македонската борба“ – Скопје денеска започнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура: „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за 2023 година.

На настанот во Скопје ќе бидат презентирани: Повикот за категоријата „Проекти за соработка“ на програмата Креативна Европа (Култура) и Повикот за категоријата „Циркулација на европски книжевни дела“, додека пак Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ – Скопје ќе го претстави проектот: „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“. Исто така, своите проекти ќе ги претстават и двата културни оператори: „Бата пресс милениум“ Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“.

Сите заинтересирани на настанот ќе можат да направат и индивидуални консултации.

Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови и тоа: на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.

Организатори на информативните сесии се Министерството за култура (Одделение за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура) во соработка со Музејот на македонската борба, Театарот „Јордан Х.К.Џинот“-Велес, Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“-Тетово, Центарот за култура „АСНОМ“-Гостивар и Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, како и корисниците на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“: Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“, „Бата прес милениум” Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер