Во Пехчево оздраве уште еден пациент со коронавирус

Оздраве уште еден пациент со коронавирус во Пехчево. 

Поранешниот лекар во пензија кој сакајки да ја покаже својата несебична хуманост и даде свој придонес во справувањето со Ковид-19 пред повеќе од две недели се зарази и стана вториот позитивен на коронавирус, а денес тој е без симптоми на болеста.

Од здравствениот дом во Пехчево информираат дека пациентот е во добра состојба и наскоро се очекува целосно негово оздравување.

– Денешната добра вест која ја соопштија и од Министерството за здравство е дека вториот пациент со Ковид-19 е оздравен со што бројката на активни случаи во нашата општина изнесува еден пациент. Според наши сознанија пациентот е во добра општа состојба и се очекува наскоро и тој да влезе во статистиката на оздравени пациенти, информираа од Здравствениот дом од Пехчево.

Во околните градови во пијанечко-малешевскиот регион, еден активен случај има во беровското село Владимирово.

-Откако беше објавен првиот случај на коронавирус во Берово, лицата кои биле во контакт со заразената се тестирани и засега за среќа нема нови случаи на појава на вирусот во нашата општина, информираа надлежните.

Единствениот смртен случај во четирите општини на крајниот Исток е регистриран во Делчево. Станува збор за пациент кој иако на последните два теста бил негативен на коронавирус, имал тешка здравствена слика по што починал./МИА

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер