3Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население
3Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
КултураВо паркот „Ибни Пајко" вечер две изведби на отворено Во паркот „Ибни Пајко" вечер во 20 часот познатиот музичар Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот ќе настапи квартетот Agni Avshar. Овие две изведби се дел од програмата „Култура во време на корона". Нивните настапи ќе бидат стримувани на фејсбук страницата и на јутуб каналот на Град Скопје. – Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона". Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом, се вели во соопштението од Градот. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/. Со овој повик, се вели во соопштението, ќе се поддржат следните видови проекти – маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца, во времетраење до два часа. – Сите учеснициКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ - а не слепо цревоТимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“.Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар - освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата? Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја држи Македонија надвор од европскиот пат веќе две години. Реформите се блокирани, а самиот премиер јавно кажува дека ќе чекаме децении. Во меѓувреме, Тимчо нè убедува дека сме „подготвени да бидеме долгорочен партнер“ на инвеститорите. Какво владеење на правото? Европската комисија објави еден од најлошите извештаи досега токму за политизираноста на правосудството и директното влијание на Мицкоски врз институциите. А Тимчо зборува за „зајакнување на владеењето на правото“. Каква бизнис клима? Странските инвестиции паднаа за над 60% откако ВМРО-ОКГ е на власт. Ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа во земја каде што владее криминал, корупција и политичка контрола врз институциите. Тимчо зборува за „подобрување на бизнис климата“, додека реалноста е дека климата е таква што ги брка инвеститорите. Горди сме на НАТО, вели Тимчо. До вчера ВМРО се бореше против влезот во НАТО, а денес Мицкоски преговара за БРИКС како руски proxy играч. Гордоста доаѓа откако веќе сме внатре. Додека сме во НАТО, Мицкоски и неговите луѓе градат врски со оние кои се спротивставуваат на европскиот и евроатлантскиот пат. Кога зборува за иновации, образование и дигитална трансформација, Тимчо очигледно мисли на „иноваторите“ од типот на градоначелникот Орце. На препишувањето на историјата како што тоа го правеше будимпештанскиот романописец - Груевски, и на дигитална трансформација преку билборди и вештачка интелигенција во служба на графички дизајн. А кога зборува за култура, веројатно мисли на Латас и неговата српско-националистичка, геобелсова пракса, антиевропска и проруски ориентирана култура на тајните служби. Каква е таа порта, со 10 часа чекање на граница? Ова е вистинската понуда на ВМРО-ОКГ: изолација, криминал, политизирано правосудство и бегање од Европа кон БРИКС. А Тимчо тоа го нарекува „нови перспективи за соработка“. Само не знаеме со кого… можеби со Вучиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕкономијаМФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс - обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство.Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Дополнетиот предлог ребаланс со вградените амандмани по расправата во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието и предложените измени ќе биде доставен во Собранието на усвојување. Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се проектирани на ниво од 425,8 милијарди денари, при што дополнителните средства се насочени кон јасно утврдени приоритети. Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5% во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги. Со Ребалансот буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП. Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,5%.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на населениеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на населениеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Андоновски истакна дека проектот претставува конкретен и перспективен прв чекор кон продлабочување на дигиталната и економската соработка меѓу двете земји. „Целта е практична и насочена кон граѓаните – доверливите и точни податоци да ги претвориме во подобри одлуки и поквалитетни јавни услуги. Централниот регистар на население веќе претставува основа за сигурни дигитални услуги и проверка на идентитетот, а со неговото унапредување ќе создадеме уште поефикасен и поповрзан систем“, нагласи Андоновски. Предлог-проектот предвидува поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на податоци и докази. Примената на новите технологии ќе се спроведува со институционална проверка и задолжителен човечки надзор. Со реализацијата на проектот се очекуваат побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите, помалку административни постапки и подобро насочување на јавните инвестиции. „Компаниите не треба да бидат курири меѓу институциите. Податоците треба да се движат, а не граѓаните и бизнисите. Токму затоа, унапредувањето на Централниот регистар на население е значајно за изградбата на ефикасни, сигурни и целосно дигитални јавни услуги“, порача министерот. Андоновски посочи дека Индија, со своето искуство во развојот на дигиталната јавна инфраструктура и системите како Aadhaar, DigiLocker, UPI и India Stack, претставува исклучителен партнер за Македонија. Истовремено, Македонија може да биде посветен европски партнер и регионален пример за приспособување на индиската експертиза кон потребите на помала земја, во согласност со европските стандарди. Министерот ги повика индиските компании, инвеститори, универзитети и истражувачки центри да воспостават партнерства со Македонија во областите на дигиталните јавни услуги, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финансиските технологии, облачните решенија и дигиталните вештини. „Да изградиме дигитален и економски мост по кој слободно ќе се движат знаењето, инвестициите, технолКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook