Во Париз се одржа марш против исламофобијата, поради обид за палење џамија (ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Париз на марш против исламофобијата , на две недели по нападот на џамија во местото Бајон , на југозападот на Франција.

Нападот се случил на 28 октомври, кога еден постар човек се обидел да ја запали џамијата и пукал кон две лица кои се обиделе да го сопрат.

На снимките објавени на Јутјуб се прикажани учесниците во маршот кои носат транспаренти на кои пишуваше „Запрете ја исламофобија“ и „Да се живее заедно е важно“.

Маршот го организираше Колективот против исламофобија во Франција.

Маж, 84, кој пукал и повредил две лица во близина на џамија е близок со крајната десница, изјави претходно полициски извор.

Друг извор, запознат со ситуацијата, изјавил дека напаѓачот бил кандидат на партијата Национално собрание на Марин Ле Пен во 2015 година. Партијата, сепак, го осуди нападот, велејќи дека тоа е против вредностите што ги поддржуваат.

Пукањето се случило околу 14 часот и човекот бил уапсен недалеку од куќата каде што живее.

Две лица, на возраст од 74 и 78 години, се тешко повредени во пукањето, кога се обиделе да го спречат напаѓачот да ја запали џамијата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер