3Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
1Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
КултураВо Париз празникот 11 Октомври се одбележува со два културни настаниАмбасадорката Чаушевска Димов истакна дека „овие уметничко-педагошки проекти ги збогатуваат и продлабочуваат врските меѓу младите“. Празникот 11 Октомври во Париз се одбележува со два културни настани, со концертот организиран во рамките на Проектот за соработка меѓу Општинскиот Конзерваториум на Ливри-Гарган, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" и ЗМП Полихимнија од Скопје и изложбата „Омеѓени приказ(н)и" од проф.д-р Тони Васиќ, во Амбасадата на Македонија во Париз, јави дописникот на МИА. Синоќа, на покана на градоначалникот на општината Ливри-Гарган, Пјер -Ив-Мартан, амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов присуствуваше на концертот организиран во рамките на Проектот за соработка меѓу Општинскиот Конзерваториум на Ливри-Гарган, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" и ЗМП Полихимнија од Скопје, инициран и подготвен од директорката на Конзерваториумот проф. Елена Стојческа и проф. Наташа Еленова од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј". Покрај учеството на македонските флејтистки Богдана Бушевска и Елена Стојческа, поради здравствените мерки на сила во Франција, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" се вклучија на концертот преку видео-врска. Во своето кусо излагање, амбасадорката Чаушевска Димов истакна дека „овие уметничко-педагошки проекти ги збогатуваат и продлабочуваат врските меѓу младите"(…), а „поддршката на меѓунардни проекти од областа на образованието и културата претставува поддршка и негување на европските вредности, каков што е мултикултурализмот". Овој музичко-педагошки проект ќе биде заокружен со одржување мастер-класови со учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј", до крајот на годината. Исто така, учениците од Конзерваториумот на Livry-Gargan, вечерва, ќе учествуваат со музичко интермецо на отворањето на изложбата „Омеѓени приказ(н)и" од проф.д-р Тони Васиќ, во Амбасадата на Македонија во Париз. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Фокус“: Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше екс-судијата Ѓоко РистовВо скопската населба Тафталиџе ноќеска целосно изгоре патнички автомобил, кој, според неофицијални информации што ги објави Фокус, го користел судијата Ѓоко Ристов.Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на територија на карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. „Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, патничко возило „сангјонг“ и деловен објект.. Огнот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје. “ велат од МВР. Ѓоко Ристов е поранешен судија во скопска апелација, против кого се води судски случај за пронајдените 350.000 евра заѕидани во семејната куќа во неготино.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски во увид на градежните активности во касарната во ЌојлијаМисајловски во увид на градежните активности во касарната во Ќојлија, градежни инвестиции на армиските објекти низ повеќе касарни.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон менување на состојбите може да се види и преку објектот во касарната во Ќојлија каде се врши целосна внатрешна реконструкција – прозори, врати, подна облога и реконструкција на сите санитарни јазли во објектот. „Моментално присутни во сите касарни...Се работи и во Велес, се заменуваат покривите насекаде во касарните, правиме нови капацитети во Прилеп согласно модернизацијата, посебни капацитети за тие возила, исто така за артилеријата итн. Се надевам дека набрзо и во Штип ќе дојдете да видите дека целосно направивме таму целосно нови објекти, но продолжуваме и со нови технички документации за следната година“, рече министерот. Додаде дека приоритетите се поставуваат од страна на Армијата и дека ќе се инвестира согласно одбранбениот буџет кој ќе продолжи да расте. Министерот истакна дека во моментов се работи, а ќе се започнат активности и на дополнителни големи инфраструктурни зафати низ сите армиски касарни, како и Воениот стадион, Военомедицинскиот центар, Домот на Армијата, Воената академија. Изминатиот период реализирани се дваесетина инфраструктурни проекти во вредност од над 3,1 милиони евра, додека во фаза на реализација се пет проекти во повеќе касарни со вредност од над 850.000 евра. Во овој момент идентичен проект како оној во касарната во Ќојлија се реализира и во велешката касарна. Во Ќојлија, министерот ги посети и припадниците на Инженерскиот баталјон кои се стационирани во оваа касарна. Армиските инженерци неодамна добија и нова инженериска механизација пристигната во рамките на првиот пакет поддршка преку Европскиот мировен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурностМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“. Особено охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното. „Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките. Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија. ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW. Министерката Божиновска нагласи дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата. „Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении“, порача Божиновска.Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook