Во озлогласениот затвор на Асад нашле справа за измачување „железна преса“ (ВИДЕО) - Канал 5

Во озлогласениот затвор на Асад нашле справа за измачување „железна преса“ (ВИДЕО)

Откриена е „железната преса“ која наводно се користела за да ги скрши и егзекутира затворениците во озлогласениот затвор Седнаја на сирискиот претседател Башар ал Асад, според новите видеа споделени на интернет.

Во озлогласениот затвор на Асад нашле справа за измачување „железна преса“ (ВИДЕО)

Озлогласениот затвор во близина на Дамаск го доби прекарот „кланица за луѓе“ што значи место кое се користи за грозоморно мачење, егзекуции и кршење на човековите права од страна на режимот на Асад, кој сириските бунтовнички сили го соборија викендов.

Амнести интернешенел тврди дека десетици луѓе тајно се егзекутирале секоја недела во Седнаја, проценувајќи дека меѓу 2011 и 2016 година биле убиени до 13.000 Сиријци. Сириските бунтовници сега се во трка со времето за ослободување на илјадници затвореници, наводно, држени во тајни ќелии закопани длабоко под затворот.

Иако бунтовниците веќе ослободија многу од неговите жители, се вели дека илјадници се затворени во затворени ќелии неколку ката под главната затворска зграда. Овие нивоа се заклучени со специјални механизми со електронски тастатури и се вели дека се достапни само преку лавиринт од тунели, пишува Daily Mail.

Руралниот гувернер на Дамаск тврди дека затворениците може да се видат на видео надзор, но постојат стравувања дека наскоро би можеле да се „задушат“ доколку ќелиите не се вентилираат. Властите дадоа бројка од 100.000 заробени под затворот, иако тој број не е потврден.

Сириската група за цивилна одбрана, Бели шлемови, на социјалната мрежа Х објави дека распоредила „специјализирани тимови за итни случаи“ помогнати од водич запознаен со распоредот на затворот за да им помогнат на бунтовниците да ги ослободат затворениците.

На социјалните мрежи кружи видео, кое го објави и Ал Џезира, на кое се гледаат обиди за пристап до долните делови на затворот. На видеото се гледа како маж користи метален столб за да пробие ѕид, откривајќи темен простор зад него.

Други снимки покажуваат ослободување на затвореници, вклучително и мало дете кое било приведено со неговата мајка. Детето може да се види на видеото од ослободувањето на жените, кое го објави Турското здружение на притворени и исчезнати во затворот Седнаја (АДМСП).

„Падна. Не плашете се“, се слуша глас на видеото кој се обидува да ги увери жените дека сега се безбедни.

Видеото потврдено од АФП покажува како Сиријци брзаат кон затворот со надеж дека меѓу ослободените ќе најдат свои роднини. За време на режимот на Асад, Седнаја стана симбол на најлошите форми на злоупотреба, каде што илјадници поддржувачи на опозицијата беа мачени и егзекутирани.

За време на граѓанската војна, која започна во 2011 година, владините сили затворија стотици илјади луѓе во кампови каде, според групите за човекови права, тортурата беше вообичаена практика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер