БалканВо отсуство на Борисов и Габриел, бугарскиот Парламент ја прифати оставката на владатаПарламентот на Бугарија, едногласно, со 216 гласа „за“ ја прифати оставката на премиерот Николај Денков и на владата. Одлуката е донесена во отсуство на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов и вицепремиерката Марија Габриел, која според планот треба да биде идниот премиер. Владата ќе продолжи да ги извршува своите обврски во оставка до избор на нова. Сепак, преговорите меѓу ГЕРБ и „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ се уште не се почнати, а тие треба да одговорат на тоа како точно ќе продолжи формулата за управување и каков документ ќе биде потпишан за ова. ПП-ДБ бара разговорите да започнат што е можно поскоро, но според ГЕРБ тие не можат да се одржат додека Габриел е во странство. Оставката на Денков е дел од „џентлменскиот договор“ постигнат пред девет месеци меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, со кој се предвидува Денков да поднесе оставка девет месеци по одобрувањето на кабинетот од Народното собрание, за да може оваа функција, во следните девет месеци да ја извршува Габриел од ГЕРБ. Откако е изгласана оставката на владата, претседателот сега мора да ги повика партиите застапени во парламентот на консултации пред да почне повторно да ги дели мандатите за формирање влада. Според основниот закон, Румен Радев мора прво да и достави една на најголемата пратеничка група, која во случајов е таа на ГЕРБ, која ќе има рок од 7 дена да го реализира мандатот или да го врати. Доколку во меѓувреме партијата на Бојко Борисов и ПП-ДБ постигнат договор за механизмите на владеење, веројатно Габриел ќе го врати првиот мандат. И да не се случи тоа, сепак, двете формации имаат уште една можност да формираат заеднички кабинет - со вториот мандат, кој ќе и биде предаден на ПП-ДБ, со повторно рок од 7 дена. Хипотетички, ако и вториот мандат се врати нереализиран, претседателот мора да предаде трет, но на политичка сила по негов избор. Досега секогаш беше БСП. По евентуален неуспех во третиот мандат - закажан е датум за нови парламентарни избори. Борисов и Габриел отсуствуваа од пленарната сала за време на гласањето бидејќи ќе учествуваат на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Букурешт за поддршка на номинацијата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на чело на Европската комисија. Денков пред пратениците истакна дека оставката на владата е покана до ГЕРБ да ги започне преговорите за ротацијата. Според него, во наредните денови ќе бидат презентирани резултатите од кабинетот за изминатите девет месеци, а пред пратениците наведе дел од постигнувањата на извршната власт. Тој го истакна позитивниот раст на економијата од 2 отсто, контролата на инфлацијата и зголемувањето на платите во повеќе сектори. Некои од неговите зборови беа дочекани со потсмев од пратениците на ГЕРБ. „И покрај амбиентот на дезинформации, саботажи, напади и провокации, ние сме подготвени да продолжиме со реализација на зацртаните приоритети и програмата за управување со премиерката Марија Габриел“, рече Денков, кој посебно им се заблагодари на Габриел, министрите и народните претставници, кои ја поддржа оваа влада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter