Во ООН и официјално Р. С. Македонија, јазикот македонски, опција за идентитет македонски - Канал 5

Во ООН и официјално Р. С. Македонија, јазикот македонски, опција за идентитет македонски

Обединетите нации и официјално го променија називот на земјава.

Во ООН и официјално Р. С. Македонија,  јазикот македонски, опција за идентитет македонски

Во графата на земјите членки, на местото ПЈРМ сега стои името Северна Македонија во списокот на признати држави, кои се подредени по азбучен ред.

Language: Macedonian language / Јазик: Македонски јазик

Inhabitants: Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia

Adjective: Of the Republic of North Macedonia, or North Macedonia or Macedonian

Граѓани: Македонци/Граѓани на Република Северна Македонија

Придавки: од Република Северна Македонија, од Северна Македонија или Македонци

Во делот на јазикот, на сајтот стои македонски јазик, но без ознаката дека припаѓа на словенската група на јазици. Додека пак во делот на граѓани на државата стои Македонци/Граѓани на Република Северна Македонија, со додадени придавки “од Република Северна Македонија, од Северна Македонија или Македонци. Новинарите денеска за објавеното на сајтот на ООН сакаа да го прашаат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своите тези до сега стоеше на ставот дека е изгубен јазикот и идентитетот, но тој не сакаше да даде коментар надвор од темата на партиската конвенција.

Но, сепак од партијата подоцна излегоа со став.

На сајтот на ООН исто така стои и појаснување на референците на државата и официјалните органи за новото име, каде е наведено дека официјалните орани и други јавни субјекти за активности во странство ќе го користат официјалното име или скратеното, односно, “од Република Северна Македонија” или “Северна Македонија”, додека пак сите останати придавки вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на приватни субјекти за активности во странство може да бидат македонски.

Од Република Северна Македонија или Северна Македонија – Официјални органи и јавни субјекти

Промената на официјалниот сајт на ООН доаѓа откако Скопје и Атина со заедничко писмо ја информираа организацијата за официјалното стапување во сила на договорот од Преспа. Од кабинетот на Генералниот секретар Антонио Гутереш, во таа прилика изјавија дека тој им честитал на двете страни за нивната определба да стават крај на 27 годишниот спор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер