Во октомври европскиот регулатор ќе одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19 - Канал 5

Во октомври европскиот регулатор ќе одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Во почетокот на октомври Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе објави дефинитивен став за потребата од трета доза вакцина против Ковид-19. Одлуката беше донесена на брифинг за новинари.

Во октомври европскиот регулатор ќе одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Докторот Марко Кавалери изјави врвен приоритет за ЕМА останува што повеќе луѓе да бидат целосно вакцинирани, но дека се следат научните анализи за таканаречената „бустер доза".

-Доказите стануваат појасни дека лицата со компромитиран или силно ослабен имунитет ќе имаат потреба од дополнителна доза, рече Кавалери, објаснувајќи дека голем дел од имунокомпромитираните пациенти не е одговараат доволно ефикасно на првите две дози, и дека трета доза на мРНК вакцина може да го зајакне имуниот систем.

ЕМА заедно со Центарот за контрола на болести сега ги евалуираат податоците за бустер дозата, според студиите имунитетот од првите две дози се намалува во различни делови од светот, посебно кај најстарите лица и се очекува земјите членки во пресрет на зимата да сакаат да го обезбедат имунитетот на населението.

Останува отворено прашањето за достапноста на вакцината за сиромашните земји каде многу мал број на населението е вакцинирано и дали трета доза е потребна во богатите земји во недостаток на вакцини во светот.

-Како регулаторите го отворивме прашањето да не се брза со бустер дозата ако нема јасни индикации, ригорозно ќе го следиме патот на научните докази без притисок од било кои групи на влијание, разбираме дека некои земји ја разгледуваат опцијата за бустер доза и затоа ќе излеземе со став на почетокот на октомври, рече Кавалери.

Фајзер одби да коментира, а БиоНТек не беше достапен за коментар.

Регулаторот на ЕУ на 6 септември соопшти дека почна со евалуација на податоците на Фајзер и БиоНТек за засилувачката доза што ќе им се даде на луѓето на возраст над 16 години, шест месеци по добивањето на втората доза.

Модерна, исто така, наскоро до ЕМА треба да ги достави потребните податоци за засилувачката доза, се наведува во документот на ЕУ.

Во мислењето издадено на почетокот на септември и реиздадено од ЕМА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) наведува дека нема итна потреба од зголемена доза од целосно вакцинирани лица во општата популација. Но, тие забележуваат дека треба да се земат предвид дополнителни дози на вакцината за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Многу членки на ЕУ веќе одлучија да користат засилувачки дози и покрај правните ризици, бидејќи ЕМА се уште нема донесено формална одлука.

Шведските власти разгледуваат опции за давање трета доза на вакцина против коронавирус на поголем дел од населението стравувајќи дека заштитниот ефект на две дози од вакцината не е доволен и дека може да почне да опаѓа со текот на времето, објави денеска Агенцијата за јавно здравје. Здравствената агенција неодамна забележа дека има околу 40.000 луѓе на кои им е потребна трета доза од вакцината, но вчера објави дека овој број на луѓе наскоро би можел да биде поголем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија-порача првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Ќе се формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија

-4 месеци работиме на правна проблематика и најдовме начин како Општина Кавадарци да формира одделение за внатрешна контрола на сите локални институции и јавни претпријатија. Овој одел ќе биде формиран за 15 дена, истакна првиот човек на Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Американската администрација го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио: Трамп го покани Путин на самитот на Г20 во Мајами

Рубио ја соопшти информацијата по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

За да ги решите проблемите, мора да се среќавате со луѓето со кои не се согласувате или со кои имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, изјави Рубио.

Според него, самитот би можел да биде можност Путин да разговара не само со американскиот претседател Доналд Трамп, туку и со други светски лидери. Вашингтон се надева дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата, но засега нема потврда дека Путин ќе отпатува во Мајами..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за периферна артериска болест во Карпош

На иницијатива на ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Општина Карпош, започнаа бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест. 

О. Карпош: Бесплатни специјалистички прегледи за периферна артериска болест во Карпош

Прегледите се реализираат во соработка со одделенијата за кардиологија и радиологија при ГОБ „8 Септември“ и ќе траат пет работни дена. Пациентите ќе имаат можност да направат и артериски доплер, дијагностичка метода за проценка на протокот на крв низ артериите.

Околу 30 пациенти, пријавени преку матичните лекари од територијата на Општина Карпош, ќе ја искористат можноста за бесплатен преглед. Активноста има за цел да придонесе кон навремена превенција, дијагностика и следење на здравствената состојба на граѓаните.

Општина Карпош продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за унапредување на здравствената грижа и подобрување на условите за превенција и навремена дијагностика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер