Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
1Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
2ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
3Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)
МакедонијаВо Охрид и Струга ќе се одржи голема вежба на НАТО „Македонија 2021" за справување со кризиЧленството на Македонија во НАТО не значи само нејзина воена заштита во рамки на Алијансата, туку и соработка на земјите-членки и меѓусебна помош во вонредни ситуации и несреќи.Токму соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на своите ресурси, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата, е сценариото на големата вежба на НАТО „ Македонија 2021" што деновиве ќе се одржува на повеќе локации во Охрид и Струга. На денешната прес-конференција во врска со вежбата беше појаснето дека станува збор за активности во рамки на Агендата на НАТО 2023 за цивилна подготвеност на земјите-членки на Алијансата. – Република Македонија се уште е во кризна состојба по однос состојбата со мигрантите. Летово се соочивме со голем број пожари, а веќе втора година се соочуваме со епидемијата на Ковид-19. Подготвувањето вежба од ваков калибар е голем предизвик, со тестирање на сите национални капацитети како земја домаќин, но и заложбите за демонстрација на подготвеност за организирање ваков голем настан, рече Урим Вејсели, директор на вежбата и одговорен за меѓународна соработка во Центарот за управување со кризи. Главни цели на вежбата ќе биде тестирање на капацитетите и ресурсите на Системот за управување со кризи, проверка на подготвеноста на т.н. (NICS) – Напреден систем за централно следење и управување со кризи со Команден центар што во реално време ќе може да управува со сите расположиви ресурси на регионално ниво, како и проба на мерката за слободен проток на техника и луѓе преку границите меѓу членките на НАТО во случаи на кризи. – Во случај кога државата ги исцрпила сите ресурси и бара помош од партнерите, преку воспоставените меморандуми за брз проток на екипи за спасување и помош во рамки на Алијансата се овозможува избегнување на бирократските процедури што се применуваат на граничните премини во нормални ситуации, појасни Вејсели. За првпат во Македонија се одржува хибридна вежба, со теренски и командно-штабни активности, но и симпозиум со теми од областите на цивилно-воената соработка во кризни ситуации и улогата на Армијата во случај на криза, имајќи предвид дека ангажманот на воените сили е последниот ресурс што треба да се ангажира во какви било околности. Главниот координатор на вежбата од НАТО Вим Ванхаме нагласи дека се работи за цивилна, а не воена вежба. – Безбедноста не се остварува само преку воени средства. Мисијата на НАТО подразбира безбедност на државите-членки во воени, но и во услови на кризи и природни несреќи. Активностите и вежбите на НАТО како „Македонија 2021" ни даваат можност да ја провериме подготвеноста на нашите цивилни капацитети за соочување и справување со кризи, но уште повеќе да ја промовираме и продлабочуваме регионалната соработка и интероперабилност. За Македонија како организатор оваа вежба претставува потврда на нејзиниот успешен пат од парнерство до членство во НАТО, рече Ванхаме. На настанот ќе учествуваат претставници од 28 држави членки и парнери на НАТО и неколку меѓународни организации. Како што беше истакнато, вежбата ќе им овозможи на екипите за брза реакција во кризи, но и на планерите и проценителите, да разработуваат и вежбаат активности за потрага и спасување во урбана средина, но и на вода и во планина, потоа вежби на медицински тимови за итни случаи, но и активности на екипи за детекција и идентификација на хемиски, биолошки и радиолошки агенси, како и активности поврзани со дезинформации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД ! Амбасадорот на САД во Холандија, Џо Пополо, изјави дека САД ќе се воздржат од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) само ако судот не се меша во американските работи. Неговата порака дојде откако холандскиот премиер Роб Јетен повика на заштита на судот со седиште во Хаг. „До нашите холандски сојузници, би сакал да кажам: со задоволство ќе се воздржиме од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд... сè додека судот не се меша во работите на Соединетите Американски Држави. Нашите приговори кон Судот се поддржани од двете страни; претседателите од двете страни одбија да го поднесат Римскиот статут за ратификација“, напиша Пополо на платформата X. Амбасадорот рече дека има „огромно почитување“ кон Јетен, но рече дека МКС е политизирана институција на која американските трупи не треба да бидат подложени. „Нашите војници - кои бројат десетици илјади и кои ја штитат Европа како дел од безбедносна обврска стара повеќе од 80 години - и нашите други граѓани, не смеат да бидат изложени на дејствијата на политизиран суд. Точка“, рече Пополо. Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Јетен праша како некој може да биде против гонењето на „најлошите злосторства“, објави холандскиот јавен радиодифузер НОС. Тој, исто така, повика на заштита на МКС. Иако не ги спомена директно САД или американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор, пораката на Јетен дојде еден ден откако Трамп го нарече МКС „одметничка организација“ и „малигна група луѓе“. „Рацете подалеку од Судот и сите други институции што го штитат меѓународниот правен поредок“, рече Јетен, објави денес НОС. САД не се членка на МКС и со години ја оспоруваат надлежноста на судот врз американските граѓани. Администрацијата на Трамп воведе санкции против судот на почетокот на 2025 година, вклучувајќи финансиски казни и ограничувања за визи за лица кои помагаат во истрагите против Американците. Вашингтон особено ги критикуваше налозите за апсење на МКС за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и неговата истрага за однесувањето на американските војници и персоналот на ЦИА во Авганистан.Тагови: Меѓународниот кривичен суд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДСВенко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС. Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев. Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит. Тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко. Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција. Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто. А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека започнала потера откако 17 лица беа убиени, а 15 ранети во пукање во населба во близина на Јоханесбург.Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба објавено на мрежата Х, објави CNN. #sapsHQ [ACTING NATIONAL COMMISSIONER COMMENDS GAUTENG POLICE FOR SWIFT ARREST IN TEMBISA MURDER CASE] The Acting National Commissioner of the South African Police Service (SAPS), Lieutenant General Puleng Dimpane, has commended Gauteng police for the swift apprehension of a suspect linked to the murder of a woman whose body was discovered at Mooifontein Cemetery in Tembisa on Saturday morning. It is alleged that following the murder, the suspect fled to Tzaneen, Limpopo, where he was apprehended by police on Saturday evening at approximately 23:00. Lieutenant General Dimpane has specifically commended members of Crime Intelligence in the Ekurhuleni District, Tembisa South detectives, the Investigative Psychology Unit, experts from the Gauteng Local Criminal Record Centre (LCRC), and members of Bolobedu Police Station for their coordinated efforts in tracing and apprehending the suspect. “I commend this multidisciplinary team for their swift response, coordination and determination, which resulted in the apprehension of the suspect on the same day. This is the kind of policing we expect from our members. We will continue to pursue perpetrators of murder and gender-based violence and femicide and ensure that they face the full might of the law,” said Lieutenant General Dimpane. The investigation and tracing of perpetrators linked to other women's bodies found in Ekurhuleni is still underway with police following all available leads. #EndGBVF ML — SA Police Service 🇿🇦 (@SAPoliceService) September 27, 2026 Полицијата соопшти дека осум неидентификувани мажи отвориле оган врз гостите кои пиеле пред паб во Ведела, округот Вест Ранд, во саботата навечер по локално време, пред да влезат во барот и „да продолжат да пукаат во гостите внатре“. Според полициските службеници, наводните напаѓачи биле вооружени со пиштоли и пушки АК-47. #BREAKING At least 17 people were killed and 15 others seriously wounded in a mass shooting at a tavern in Wedela, near Carletonville, South Africa, on Saturday night. Police said at least eight suspects armed with AK-47 rifles and handguns opened fire on patrons outside the tavern before entering and continuing to shoot inside. Thirteen men and four women were killed. The motive remains unknown, and police are searching for the suspects. — Global OSINT (@GlobalOSINTHQ) September 27, 2026 Петнаесет лица со прострелни рани се пренесени на лекување во медицински установи. – Пријавено е дека гостите пиеле внатре и надвор од локалот кога пристигнале осомничените и отвориле оган кон оние надвор. Осомничените потоа влегле во барот и продолжиле да пукаат во гостите внатре, напишала јужноафриканската полиција на мрежата Х. Во оваа фаза се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата, објави Интернационале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter