БалканВо Нови Сад голем комеморативен собир: Илјадници луѓе ноќеска по полноќ одржаа 16-минутен молк Во српскиот град Нови Сад голем број луѓе од целата држава ќе одржат денеска комеморативен собир со цел - оддавање почит на првата годишнина од загинувањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.На државно ниво денеска Ден на жалост. Пред една година - на денешен ден во Нови Сад - загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка станица во тој град, трагедија за која досега не е утврдена кривична одговорност. Бетонската настрешница се урна во 11 часот и 52 минути, тогаш загинаа 14 луѓе, меѓу кои и четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, а три лица беа тешко повредени. Уште две лица починаа подоцна поради повредите. Меѓу загинатите беше и Македонецот Васко Саздовски (46) - истражувач во Институтот Биосенс во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES. Докторирал на Универзитетот Кренфилд, Обединето Кралство. Претходно магистрирал електротехника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дипломирал воздухопловство на Воената академија во нашата држава. Илјадници луѓе ноќеска по полноќ во Нови Сад одржаа 16-минутен молк со што им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, пред големиот комеморативен собир со кој денеска ќе се одбележи годишнината од страдањето на 16 луѓе кои загинаа при падот на бетонската настрешница на реновираната зграда на станицата. Новосаѓани изминатите два дена ги пречекуваа групите студенти и граѓани кои дојдоа пеш од цела Србија за да им оддадат почит на загинатите. Во градот се веќе присутни и групи велосипедисти, моторџии, ветерани и земјоделци со трактори. По собирањето во центарот на градот, тие по полноќ се упатија во колона кон железничката станица. Студентите на чело на колоната, во тишина, носеа 16 венци бели цвеќиња со имињата на жртвите од трагедијата. Бројни жители на Нови Сад им се придружија во целосна тишина во текот на ноќта при што пред станицата палеа свеќи.Студентите кои пристигнаа во Нови Сад се сместија во кампусот - една од 16-те локации во Нови Сад од кои ќе се движат денеска кон железничката станица. Веднаш по падот на настрешницата, прво Железничката инфраструктура на Србија објави дека настрешницата не е реконструирана, а потоа тоа го повтори и тогашниот премиер на Србија Милош Вучевиќ, кога дојде со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ да го посетат местото на несреќата. „Неверојатно е дека 60 години таа настрешница не е обновена. Дури и кога целата станица беше реконструирана, настрешницата не беше. Некој ќе мора да објасни зошто“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во порака до јавноста. Од таа вечер на 1 ноември, активисти на студентската организација СТАВ (Студенти против авторитарната влада) организираа бдеење со свеќи за жртвите на Плоштадот на слободата. Од следниот ден, граѓаните и опозициските активисти почнуваат да организираат собири, барајќи одговорност од надлежните. На 3 ноември беше организиран протест во Белград поради трагедијата во Нови Сад. Граѓаните оставија траги од „крвави раце“ на зградата на Владата на Србија. На 5 ноември беше организиран протест „Раџете ви с крвави“ пред Градското собрание во Нови Сад и пред железничката станица. Се бараа оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Претседателот на државата, Александар Вучиќ тој ден дојде во Нови Сад за првпат по несреќата, го посети Градскиот комитет на СНС. На 15 ноември во Нови Сад беше одржан првиот протест - 14 минути тишина за 14 жртви. Една недела подоцна приврзаници на владејачката СНС, меѓу кои имаше и многу партиски функционери, нападнаа студенти и професори на Факултетот за драмски уметности во Белград кои им оддаваа почит на загинатите во трагедијата во Нови Сад. Четири дена подоцна - наставата на ФДУ е прекината. Студентите побараа МВР на Србија да поднесе кривични пријави против лица познати на јавноста и да ги идентификува другите членови на организираната група што физички ги нападна студентите и професорите. Од 29 ноември лани почна и првата блокада на Ректоратот. Одржан е првиот пленум. Студентите на белградски факултети ја прекинуваат наставата со барања за јавно објавување на документацијата за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.Од 13 декември - веќе сите факултети во Белград и во Нови Сад беа во блокада. На 15 март оваа година во Белград беше одржан најголемиот протест во историјата на Србија Според Архивата на јавни собири, на улиците на Белград имаше помеѓу 275.000 и 325.000 луѓе. Сомневања постоеја дека на тој ден полицијата употребила и звучен топ, но еден ден подоцна, МВР на Србија ќе го негира тоа, а на 16 април ќе биде „потврдено“ и од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација чии експерти вршеа анализи. Од почетокот на мај студентите во блокада објавија дека бараат и одржување предвремени парламентарни избори, барање што го одби српскиот претседател. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, поднесе оставка на 5 ноември, наведувајќи дека поднесува оставка „од морални причини“ бидејќи несреќата се случила во ресорот што го води. Горан Весиќ и уште 11 лица, вклучувајќи ја Јелена Танасковиќ, в.д. директорка на „Железничка инфраструктура“, која поднесе оставка неколку дена претходно, беа приведени на 21 ноември поради падот на настрешницата. Апсењата по наредба на Обвинителството за организиран криминал, чија истрага опфати 15 лица, вклучувајќи го и Томислав Момировиќ, беа извршени на 1 август оваа година. Меѓу другото, уапсени се Момировиќ и неговата тогашна помошничка, Анита Димоски, како и Небојша Шурлан, кој беше вршител на должноста генерален директор на компанијата „Инфраструктура на железница на Србија“ од мај 2020 до март 2024 година. Во моментов, три случаи се во фаза на истрага и се уште не е потврдено обвинение, па затоа не е покрената судска постапка. Покрај таа постапка, за потенцијална корупција за време на модернизацијата на железницата до границата со Унгарија, се води една истрага за падот на настрешницата во Нови Сад и Белград. Истрагата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, со одлука на Вишиот суд во Нови Сад, на 12 март оваа година, беше вратена на дополнување. На 18 јуни, Вишото јавно обвинителство го обвини Вишиот суд за опструкција, а по неговото дополнување, на 16 септември, објави дека поднело ново обвинение, против истите осомничени и за истите кривични дела. Вишото јавно обвинителство во Белград покрена обвинение против тројца осомничени вклучени во истрагата на Обвинителството во Нови Сад, но за кривични дела со „коруптивни елементи“. Оценките на експерти, вклучително и членови на независна Анкетна комисија, беа дека постапката во Белград всушност била обид за опструкција на постапката во Нови Сад. Во изминатите неколку недели државни функционери наведуваат дека е можно падот на бетонската настрешница да бил предизвикан од терористички чин. „Анализата и стручното испитување на над дваесет примероци од пронајдени траги, спроведени од Техничкиот оддел на Националниот центар за криминалистичка форензика при Министерството за внатрешни работи, не утврдија присуство на експлозивни супстанции...спроведената анализа покажа дека уривањето на настрешницата на железничката станица не е резултат на тероризам“, објави Вишото јавно обвнителство во јули. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите и уште еднаш ги повика граѓаните на дијалог по први ноември. Тој потсети дека пред една година Србија доживеала ужасна трагедија во Нови Сад и најави дека денеска ќе оди во црква и ќе му се помоли на Бога и ќе запали свеќа за секоја жртва. Како што рече, знае дека многумина се лути што виновниците за тој настан не се утврдени и нагласи дека тоа е разочарувачки и за него. „Можам да го разберам гневот, особено на семејствата на жртвите и оние кои беа директно погодени од трагедијата“, нагласи тој. „Би сакал први ноември да помине мирно, со повеќе тишина отколку бучава“. Вучиќ рече дека е потребно да се открие вистината „која е поткрепена со докази“. Тој рече дека денешниот ден не треба да биде ден што секој ќе го користи за своја политичка корист и повика на дијалог во општеството. Како и пред двата големи протести во Белград на 15 март и 28 јуни, „Србијавоз“ и овојпат го прекина патничкиот сообраќај кон Нови Сад - претходните двапати причина беа „дојави за бомби“, но сега нема официјално објаснување на официјалната веб-страница на „Србијавоз“. Патничките возови кон Нови Сад не сообраќаат од вчера попладне и утрово. Пред три дена, јавното претпријатие „Патишта на Србија“ објави дека на 29 октомври стапила на сила привремена промена на режимот на сообраќај, што ќе трае до 10 ноември 2025 година. Во тој период, неколку правци до Нови Сад ќе бидат затворени поради „работи за обнова“. „Целата оваа омраза што врие во нашето општество не носи ништо добро, само води кон поголемо уништување“, рече вчера во обраќањето српскиот претседател. Тагови: настрешница Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Автомобил што има мијалник со топла вода, какво чудо направиле Германците„Horch 930S“ од 1939 година е еден од најретките луксузни автомобили на светот. Има вграден мијалник со топла и ладна вода, седишта што се претвораат во кревет и V8 мотор.На прв поглед, изгледа како елегантен луксузен автомобил од 1939 година, но ова конкретно возило крие детал што би ги изненадил дури и денешните возачи. Станува збор за „Хорх 930S“ (Horch 930S) – автомобил опремен со вграден мијалник со топла и ладна проточна вода. Мијалникот се извлекува пред предниот браник, а топлата вода се обезбедува преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Да, да, добро прочитавте: автомобилот доаѓаше со вграден мијалник што можеше да се извлече пред предниот браник секогаш кога ќе се појави потреба. Особено интересно е решението за топла вода, која се загревала преку систем поврзан со колото за ладење на моторот. Ова им овозможувало на патниците во овој луксузен автомобил пристап до вода дури и за време на патувањето. Сепак, мијалникот е само еден од деталите што сведочат за големото внимание посветено на удобноста и практичноста. „Horch 930S“ имал врати што се отворале широко, без централен столб што би го попречувал влегувањето или излегувањето. Седиштата можеле да се спуштат за да се создаде простор за спиење, со што возилото станувало многу погодно за подолги патувања. Внатрешноста, исто така, привлекува посебно внимание. Контролната табла е изработена од полирано дрво и е збогатена со бројни хромирани детали, посебни тркалезни инструменти и часовник поставен во средината. Вратите имале хромирани рачки, додека панелите биле обложени со висококвалитетен текстил. Прозорците се отворале рачно, преку класичен механизам со рачка за вртење. Horch 930S поседуваше простран багажник, додека под хаубата се наоѓаше 3,8-литарски V8 мотор со моќност од приближно 92 коњски сили. Според денешните стандарди, ова можеби не изгледа импресивно, но мора да се земе предвид дека автомобилот потекнува од 1939 година – ера кога ваквите технички и луксузни карактеристики биле исклучително ретки. Токму поради овие причини, овој модел зазема посебно место во историјата на автомобилизмот. Произведени се само неколку примероци, што го прави Horch 930S еден од најретките луксузни автомобили од тоа време. И додека денешните производители се натпреваруваат во понудата на поголеми екрани, повеќе електронски системи и поудобни седишта, Horch – пред речиси 90 години – воведе концепт што и денес звучи неверојатно: автомобил опремен со сопствен мијалник и топла вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЛегендарниот Титаник имал близнак, но и неговата судбина е кобна!!„HMHS *Britannic“, третиот и последен брод од класата *Olympic* на компанијата „Вајт стар лајн“ (White Star Line), потонал на 21 ноември 1916 година во Егејското Море, во близина на островот Кеа, за време на Првата светска војна. Овој луксузен прекуокеански брод, кој бил пренаменет во болнички брод, се сметал за најбезбедното пловило од својата класа; сепак, една експлозија — речиси сигурно предизвикана од поморска мина поставена неколку дена претходно од германската подморница U-73 — го испратила на дното за 55 минути. Од 1.066 луѓе кои се наоѓале на бродот, 30 ги загубиле животите. До ден-денес, *Britannic* останува најголемиот потонат патнички брод во светот. Изградба и пренамена во болнички брод Бродот *Britannic* бил поринат на 26 февруари 1914 година во бродоградилиштето „Харланд и Волф“ (Harland & Wolff) во Белфаст, како сестрински брод на *Olympic* и *Titanic*. Бил долг приближно 269 метри и имал нешто поголем тонажен капацитет од Титаник. По трагедијата од 1912 година, биле воведени дополнителни безбедносни мерки, вклучувајќи зајакнати прегради, проширен систем на водонепропусни комори и значително поголем број чамци за спасување. Бродот никогаш не стапил во комерцијална употреба. Со избувнувањето на Првата светска војна во 1915 година, тој бил пренаменет во болнички брод — под ознаката HMHS *Britannic* — со бел труп, црвени крстови и зелена лента. Бил опремен со операциони сали и повеќе од илјада болнички кревети, а екипажот вклучувал и медицински персонал — меѓу кои била и Вајолет Џесоп, која преживеала и на Титаник, а подоцна и на *Britannic*. Во ноември 1916 година, бродот пловел кон Мудрос на островот Лемнос. На 21 ноември, околу 8:12 часот наутро, додека минувал низ каналот Кеа, одекнала силна експлозија на десната страна од прамците. Водата брзо навлегла во неколку предни оддели, предизвикувајќи бродот да се навали и незапирливо да тоне. Капетанот Чарлс Бартлет се обидел да го насука бродот на брегот, но не успеал. Евакуација и жртви Евакуацијата била многу поуспешна отколку на „Титаник“. Вкупно биле спуштени околу 35 чамци за спасување, повеќето од нив без поголеми проблеми. Најголемата трагедија се случила кога два чамца биле спуштени прерано, додека пропелерите сè уште работеле, поради што биле вовлечени и уништени. Во тие несреќи загинале 30 луѓе – што биле и единствените жртви при потонувањето. „Британик“ исчезнал под површината во 9:07 часот. Повеќето патници и членови на екипажот биле спасени благодарение на брзата реакција на бродовите во близина, како и на релативно топлото море за доцна есен. Остатоците од бродот биле откриени од Жак Кусто во 1975 година. Бродот лежи на својата десна страна, на длабочина од приближно 120 метри, и е исклучително добро зачуван. Денес, тој е заштитен со грчкиот закон, а пристапот е дозволен само за искусни технички нуркачи. Иако останува во сенката на „Титаник“, судбината на „Британик“ е подеднакво фасцинантна: бродот, кој никогаш не служел како патнички брод, го завршил својот век како симбол на воената трагедија, медицинската храброст и големите технолошки амбиции од почетокот на 20. век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ТехнологијаШефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилотСледниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон. Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година. Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP). Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година. „Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“. Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи. „Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит. Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони. Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина. „Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство. Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции. Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“. За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја. САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони. Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка. Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33