САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
1САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
2СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
3Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
БалканВо Њујорк средба Вучиќ - Рубио, српскиот претседател денеска се обраќа на Генералното собрание на ОНАмериканскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји, соопшти Стејт департментот.На средбата во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, Рубио и Вучиќ разговараа и за билатералниот стратешки дијалог меѓу Белград и Вашингтон, како и за учеството на САД на Експо 2027, се вели во соопштението. Вучиќ објави дека имал важен и значаен разговор со Рубио за зајакнување на политичкиот дијалог меѓу Србија и САД, подобрување на економската соработка и заедничките безбедносни предизвици. „Фокусот на разговорот беше на полето на економијата и трговијата, особено кога станува збор за решавање на прашањето за американските царини. Разговаравме и за можноста за нови инвестиции, соработка во областа на енергетиката и новите технологии, како и за перспективите што ги нуди механизмот на нашиот стратешки дијалог“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Тој додаде дека за време на средбата нагласил дека Србија е посветена на зачувување на мирот и стабилноста, како предуслов за секој понатамошен напредок и подобар живот за сите граѓани. Вучиќ, исто така, рече дека Србија, во исто време, ја цени поддршката на САД на патот кон полноправно членство во ЕУ, што, како што нагласи, „претставува една од стратешките цели на нашата земја“. „Отворениот и искрен дијалог, заснован на меѓусебна доверба и почитување, е најдобриот начин за зајакнување на партнерството меѓу Србија и САД. Убеден сум дека нашите односи ќе добијат уште посилен моментум во иднина, во наша заедничка корист и во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот“, наведе Вучиќ во соопштението. Тоа беше прва официјална средба меѓу Вучиќ и Рубио, а на средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ. Вучиќ денеска ќе се обрати на Генералното собрание на ОН.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата за борба против тероризмот.Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база. Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДенеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците.Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците, по неколкудневните протести обележани со судири со полицијата, оштетување на училиштата и улично насилство. Демонстрациите, кои се проширија низ неколку поголеми градови, доведоа до палење канти за ѓубре и други предмети, фрлање проектили врз безбедносните сили и оштетување на училишни згради.Дваесет и четири од 735 училишта погодени од протестите се „запалени или ограбени“, рече францускиот министер за образование исто така информираше дека „78 членови на персоналот“ од министерството за образование се повредени „од почетокот на настаните“.Довеле до речиси 5.000 апсења од понеделник.Движењето започна пред две недели во средното училиште „Сент Егзипери“ во Кретеј, во париското предградие, во поддршка на наставниците што штрајкуваат, кои го осудуваат недостатокот на персонал и ресурси. Потоа доби на интензитет и постепено се прошири низ целата земја во текот на изминатата недела.учениците, меѓу другото реагираа и за небезбедните и нехигиенски згради, премногу часови, и недостатокот на персонал, некои, исто така, ја оспоруваат забраната за мобилни телефони во училиштата.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook