Комбајните жнеат јачмен, а откупна цена се уште нема - Канал 5

Комбајните жнеат јачмен, а откупна цена се уште нема

Жетвата на јачменот во Неготино и Градско започна а за десетина дена ќе почне да се жнее и во штипско карбинскиот регион.

Комбајните жнеат јачмен, а откупна цена се уште нема

Производителите предупредуваат дека неизвесноста околу тоа колкави ќе бидат откупните цени е голема и бараат итно да се свика Потсекторската група за жито за да се дефинираат откупните цени. Според нив, поскапувањето на репроматеријалите, горивата и механизацијата значително ги зголемиле трошоците за производство, а дополнителен проблем е и доцнењето на субвенциите.

И останатите земјоделски здруженија се со сличен став дека под 16 денари не треба годинава да се откупува пченицата како стратешка кулутра ако сакаме да ги зголемуваме површините и да ја намалуваме увозната зависност од лебно жито. Став побаравме и од министерството за земјдоелство во кој се вели..

Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок на потсекторската група за жито на која една од точките на дневен ред ќе биде претстојната жетва на пченицата и јачменот.

Дополнителен проблем за земјоделците е условот кој го постави државата 30% од родот да е предаден кај регистриран откупувач кој сега може да го злоупотребат откупувачите заради што и бараат државата да ги заштити со брзо носење на реална пресметката за производната цена која треба да биде заштита за земјоделците од манипулации со цената.

Велат дека во периодот на жетва за одржување на реалната откупна цена многу би помогнало и ако навреме се вклучат и стоковите резерви со откуп. Барањата на земјоделците се совпаѓаат и со актуелните движења на светските пазари.

Анализите на меѓународните берзи покажуваат дека годинава се очекува намалено производство кај дел од најголемите производители на пченица, додека климатските ризици и намалените залихи ги одржуваат цените на релативно високо ниво. Покрај неизвесноста околу откупната цена, земјоделците реагираат и поради доцнењето на исплатата на субвенциите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.

Максим Димитриевски:  Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат.

- Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст).

Повелете заклучокот изведете го сами?!

- Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.

Видео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!

Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем.

Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот.

Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер