ЗабаваВо недела се трча 17-тиот Виз Ер Скопски маратонВиз Ер Скопски маратон, традиционално со четирите трки, ќе се одржи во недела, на 3ти октомври, со што маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5км ќе се трча со старт во 8:10 часот. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски. Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, ова денеска го најави Кире Синадиновски, директор на Виз ер Скопски маратон, на прес конференцијата и соопшти дека целиот настан ќе биде организиран согласно протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. „Годинава е вистински предизвик да се организира 17тото по ред издание на Виз Ер Скопски маратон, со оглед на ковид протоколите кои мора да се почитуваат. Оваа година ќе имаме околу 7000 учесници на сите четири трки, маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км. Маратонот и оваа година ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи, како и секогаш, а имаме пријавено натпреварувачи од над 40 земји од целиот свет, со што очекуваме одлична трка. Фокусот на овогодинешното издание ќе биде на домашните маратонци, кои ќе се потрудат да ги постигнат најдобрите резултати и да ги срушат сопствените, но и рекордите кои се досега поставени на Скопскиот маратон низ годините.“, изјави Синадиновски. Директорот на Виз Ер Скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот, Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“, до ко-организаторот Министерство за внатрешни работи (МВР), до покровителите на маратонот, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание. Исто така, Синадиновски изјави дека сите учесници пријавени на овогодинешното издание на маратонот, со покажување на стартниот број ќе можат бесплатно да го користат јавниот градски превоз во Скопје на ЈСП. Прес конференцијата се одржа на терасата на хотел Парк и Спа, каде што свое обраќање имаа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како и атлетичарите и рекордери на маратонот, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека со големо задоволство Град Скопје е повторно традиционален домаќин и покровител на Виз Ер Скопски маратон. „Скопје и годинава ги отвора вратите на атлетичарите. Од година во година Скопскиот маратон стана традиционален и најголем маратон на Балканот. Ова е една голема мотивација за сите нас, за да продолжиме да инвестираме во едно такво спортско случување. Организацијата оваа година содржи голем број на волонтери кои максимално ќе се потрудат овогодинешното издание да се одржи и реализира во најдобар можен ред. Им посакува многу среќа, добра трка и одлични резултати на сите натпреварувачи оваа година.“ изјави градоначалникот Шилегов на тркачите и организаторите. Свое обраќање имаа и Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова кои истакнаа дека маратонот за нив значи одлична шанса да се покажат пред сопствената публика и да ги срушат поставените рекорди. Поп Арсова кажа дека маратонот за неа значи празник на градот, а според неа најдобро се трча на домашен терен. Дарио изрази огромна благодарност на тимот на Скопски маратон и кажа дека желба за оваа година му е да биде првиот атлетичар кој ќе го сруши досегашниот рекорд на Скопски маратон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter